25 ноември, меѓународен ден на борбата против насилството врз жените

violenza_donne

25 Ноември е меѓународен ден на борбата против насилството врз жените, востановен од страна на ОНН, во знак на сеќавање на сестрите Мирабел од Доминиканската република, кои беа брутално убиени од страна на диктаторот Рафаел Трухило.

The-Murder-of-the-Mirabal-Sisters-MainPhoto

Сестрите Мирабел се симбол на националниот и феминистичкиот отпор, кои поради својата активност и борбата за демократијата и поради револуционрните активности биле апсени неколку пати. 1960 година тајната полиција на диктаторот Трухило ги ликвидирала овие храбри сестри, а нивните тела со скршеници и со видливи знаци на давење се обидоа да ги прикажат како несреќен случај. Ова ужасно нечовечко дело предизвика шок и гнев кај народот. Наредната година извршен е атантат врз Трухило, а наскоро доаѓа до падот на неговиот режим.

MTE5NTU2MzE1OTQyMzg5MjU5

1999 година, Обединетите Нации официјално го потврдиле 25 ноември за ден на борба против насилството врз жените. Овој ден, кој во целиот свет се обележува со портокалова боја, исто така е првиот ден од 16 дена активизам – глобална, светска кампања која ја спроведуваат 1700 организации во над 100 земји од целиот свет, а завршува на 10 декември, Денот на човековите права.

unite500-500x210

Според најновите истражувања, 35 % од жените на глобално ниво имале некакво искуство со физичкото, сексуалното насилство, помеѓу 40% и 50% од женит ево ЕУ се соочува со некој вид на сексуално вознемиравање на работното место, во САД 83% од девојчињата на возраст од 12 до 16 години биле сексуално малтретирани на училиште!

- Реклама -