25 години постоење на Младински образовен форум

Во петок на 7 јуни, Младинскиот образовен форум ќе прослави 25 години од постоењето. По тој повод организираат Конференција за образование и млади, со почеток од 11:30 часот во Станица 26.

25ч5 години дебата, активизам, младински права, младински политики, слободна мисла! Во текот на последните две децении, MОФ стана дом на дебати, идеи, активизам и промени за младите луѓе.

На конференцијата ќе има можност да се проследат панел дискусии на темите „Индината на образовението“ и „Улогата на младите во креирање на политики“

Во панел 1 „Иднината на образованието“ ќе говорат: – Мартин Галевски – истражувач во областа на образование- Анастасија Саша Тофоска – тренер по дебата во Младински образовен форум- Христина Божиновска Ѓикова – Воспитувач во ДУЦОР Партенија Зоографски- Александар Николовски – Претседател на Универзитетско студетнско собрание на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје- Огнен Јанески – новинар.

Во панел 2 „Улогата на младите во креирање на политики“ ќе говорат:- Дона Костуранова – директорка во земјата за Фондација за демократија на Вестимнстер- Ана Наумоска – локален координатор во Младински образовен форум – Струга- Марија Мирчевска – истражувач- Панде Ефтимов – програмски координатор на програмата Активизам во Младински образовен форум- Мариана Ангелова – генерален секретар на Национален младински совет на Македонија.

- Реклама -