Живееме во симулација, а двајца милијардери пробуваат да нé извадат

BigData_web_1024[1]

Хипотезата дека живееме во симулација е толку распространета меѓу технолошката елита во Силиконската долина, што му е смачена дури и на Илон Маск, кој на многу наврати зборуваше за истата. Сепак, се чини дека таа популарност е најголема меѓу извесни двајца милијардери, кои наводно даваат многу пари за да нé избават од истата.

New Yorker пишуваше за Сем Алтман – човек зад бројни и славни успешни стартапи и инвестициски фундови, притоа опфаќајќи ги и „чудните“ страни на неговиот карактер. Во текстот, Алтман исто така ги дискутира неговите теории за тоа дека сме контролирани од технологијата и навлегува во теоријата за симулацијата, според која човечките суштества се без нивно знаење само карактери во нечиј туѓ компјутерски матрикс.

New Yorker пишува вака:

„Многу луѓе во Силиконската долина станаа опседнати со симулационата хипотеза, која аргументира дека тоа што го доживуваме како реалност е всушност фабрикувано во компјутер; двајца тек милијардери одат дотаму што тајно врбуваат научници да работат на тоа да нé извадат од симулацијата“.

Имиња не се наведуваат, но не изгледа премногу тешко да се погодува кои се потенцијалните кандидати. Едниот дефинитивно би можел да биде и самиот Илон Маск, или пак пријателот на Алтман – Питер Тил. Како и да е, импресивна е и самата идеја дека некои луѓе сериозно ја сфатиле теоријата и веќе работат на случајот.

Според Маск, тоа е најпопуларната тема за разговор во круговите на високата технологија:

„Состојбата стигна до степен кога безмалку секој разговор е за вештачка интелигенција и за симулација, па со брат ми се сложивме да ги забраниме сите такви разговори ако некогаш се најдеме во џакузи. Навистина ја убива магијата“, се пошегува Маск на сцената на Vox Media’s Code Conference во јуни.

 

- Реклама -