Во перспектива: Вистинската моќ на денешните нуклеарни бомби

nuclera-explosion-1[1]

Кога зборуваме за нуклеарно оружје, најверојатно првото што ви доаѓа на ум е деструкцијата од нуклеарните бомби фрлени  врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година. Да, овие напади засекогаш го променија светот, но треба да се има во предвид дека од првиот тест во 1945 година – во светот се детонирани околу 2475 нуклеарни бомби и во меѓувреме станаа значително помоќни.

Не е изненадувачки што над 85 проценти од овие нуклеарни детонации се извршени само од две земји – САД (1132 бомби) и поранешниот Советски Сојуз (981). Хирошима и Нагасаки се единствените два случаи кога нуклеарни бомби се употребени во време на војна, но ако тоа се случи денес, можеме без двоумење да си кажеме „Чао, чао“ со Земјата.

Како што објаснува видеото на RealLifeLore, што ќе го видите подолу, на 6 август 1945 година, бомбата во Хирошима создава експлозија од 15 килотони (еднакво на 15.000 тони ТНТ динамит), а три дена подоцна Нагасаки претрпува експлозија од 21 килотони. Но, во арсеналот на САД во моментов има бомба позната како B83, која има разорна моќ од 1.2 мегатони.

Ако го поставиме ова во перспектива: 1 мегатон е еднаков на 1 милион пати поголема моќ од таа на тринитротротолуолот (ТНТ), т.е. 1000 пати поголем од килотон, што значи дека B83 може да произведе експлозија 80 пати помоќна од бомбата над Хирошима.

А ако и тоа не е доволно за загриженост, што ќе кажете за висината на нуклеарната печурка?

Ако ја споредите висината на нуклеарната печурка која би ја создала B83 – со просечната височина на која летаат патничките авиони или со висината на не било кој врв, туку Монт Еверест – работата изгледа уште посериозна.

nuclear-scale_1024[1]

И како да сме во лоша реклама на Топ Шоп, тоа не е сé. B83 не е најголемата бомба што САД ја имаат тестирано. Оваа титула ѝ припаѓа на Castle Bravo, која има разорна моќ од 15 мегатони – или 1000 пати поголема од бомбата врз Хирошима.

И пак, дури и тоа не е ништо во споредба со најмоќното нуклеарно оружје детонирано некогаш. Во октомври 1961 година, Советскиот Сојуз ја детонираше најголемата експлозија во историјата, кога пушта т.н.. „Цар Бомба“ на островот Новаја земја во Северниот леден океан. Експлозијата беше 33.333 пати помоќна од таа над Хирошима – 50 мегатони. Експлозијата беше толку силна што скрши прозорци во Норвешка и Финска, а за малку го разнесе и авионот што ја фрли. Ударните бранови ја обиколија земјината топка три пати.

И сепак, ова беше само тест во намален размер за тоа што беше теоретски можно. За среќа Советскиот Сојуз никогаш не ја тестираше, но објави планови за бомба два пати помоќна од „Цар“, со моќ од 100 мегатона (6.666 бомби врз Хирошима)

Денес во светот има околу 15.600 нуклеарни оружја. Тоа е доволно за уништување на десетина планети како Земјата. Во видеото има уште пар детали.

ПС. Можете да тестирате нуклеарни експлозии врз Скопје (на пример), на nukemap.com.

- Реклама -