Што имаат заедничко Бил Гејтс и миењето садови?

gates

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, е добар доказ дека колку и да имаш пари, од обврските дома не можеш да се спасиш. Бил Гејтс, на пример, секоја вечер одвојува време за да ги измие садовите по вечерата.

Шегата на страна, „миење садови“ беше одговорот што Гејтс го даде кога го прашаа што е тоа што сака да го прави, а што никој не би го очекувал од него.

„Другите исто така сакаат да се вклучат и да помогнат, но ми се допаѓа начинот на кој јас тоа го правам“, вели Гејтс.

На прв поглед, се работи за обична недоверба во другите и олицетворение на „ако сакаш нешто добро да се направи, направи го сам“. Но, ајде да провериме дали има нешто што Гејтс не кажува?

Имено, пар истражувања открија дека миењето на садовите го намалува стресот и ја стимулира креативноста. Истражувањето на универзитетот во Флорида, на пример, покажа дека намалувањето на стресот е резултат на фокусот на дишењето и допирот. Фокусот на чувството за топлина на водата и мирисот на сапунот, пак, го стимулираат мозокот. Истражувањето заклучува дека извршувањето на немисловни задачи му овозможува на мозокот да се фокусира на креативни начини за решавање на проблемите. Така, луѓето кои прво морале да ја извршат досадната задача да препишуваат броеви од телефонскиот регистар во телефоните, потоа размислувале покреативно. Размислете и вие: кога ви доаѓаат најдобрите идеи? Кога сте пред работното биро, или додека сте опуштени под туш или на ве-це шолја (и празна ви е батеријата)?

Значи, ќе му дојде нешто како во вицот: „- Зошто ја запиша ќерка ти на филозофија? – За да има на што да мисли додека мие садови“; само што во реалноста, ти требаат садови за да мислиш на филозофија.

 

- Реклама -