На Меѓународната вселенска станица се зборува на „руслиш“

v219793[1]

Руските и американските астронаути на Меѓународната вселенска станица МВС (ISS) разговараат на „посебен“ јазик, јазик кој е мешавина од англиски и руски. Тие го нарекуваат руслиш (од Russian и English).

Кога разговараат со европските, канадските или јапонските колеги, Американците Тимоти Копра и Џефри Вилијамс, како и Британецот Тимот Пике – најчесто говорат на англиски. Со Русите најчесто се на руслиш.

Моментално, во рускиот дел на станицата се наоѓаат тројца руски астронаути – Јуриј Маленченко, Алексеј Овчинин и Олег Скрипошка.

„Ние тројца горе-долу зборуваме руски, а нашите руски пријатели одлично говорат англиски“, објаснува Копра.

Кога се сите заедно, тие разговараат и на англиски и на руски истовремено, со што и се добива нивниот нов комбинираниот јазик.

Прочитајте и:  Вештачки црн дроб ќе се одгледува на Меѓународната вселенска станица

„Најважно е да комуницираме без проблеми, бидејќи разговорот е неодвоив дел од нашата работа и предуслов е точното извршување на сите поставени задачи“, истакнува Копра.

- Реклама -