Логоата понекогаш даваат многу повеќе информации за брендот, од тоа што се забележува на прв поглед. Сѐ што треба да направите е поубаво да ги погледнете. Одбравме 23 логоа кои содржат скриени пораки. Сигурни сме дека некои од нив веќе ги имате видено, но дали сте ја забележале нивната порака?
Amazon.com
Иако ова лого на прв поглед не крие ништо, тоа всушност дава многу информации за филозофијата на брендот. Прво, жолтата линија изгледа како насмевка: Amazon.com сака сите клиентите да бидат задоволни. Второ, линијата ги поврзува буквите a и z, првата и последната буква во англиската азбука: со тоа кажуваат дека имаат сѐ, од a до z.
Eighty-20
Eighty-20 е мала консалтинг фирма. Многу луѓе мислат дека логото нема никаква врска со брендот, но не е така. Трикот е да ги гледате темните полиња како 1, а светлите како 0. Така, горниот ред означува 1010000, додека пак долниот означува 0010100: бинарните броеви за 80 и 20.
Fedex
Ова е најверојатно најдобро познатото лого со скриена порака. Ако погледнете повнимателно, ќе забележите дека буквите E и X формираат стрелка. Оваа стрелка е симбол на брзината и прецизноста, двете најголеми карактеристики на оваа фирма.
Continental
Continental е произодител на гуми. Всушност, ова можете и да го видите на нивното лого, бидејќи првите две букви формираат 3 димензионална гума.
Toblerone
Toblerone е компанија за чоколади од Берн, Швајцарија. Берн се нарекува и „Градот на мечките“. Оваа идеја тие ја вметнале во нивното лого, бидејќи ако погледнете повнимателно ќе забележите силуета на мечка.
Baskin Robins
Старото лого на Baskin Robins го имаше бројот 31 со лак над него. Новото лого ја носи идејата на повисоко ниво – розовите делови од BR го формираат бројот 31, алудирајќи на нивниот 31 вкус.
Sony Vaio
Sony Vaio е добро познат бренд за лаптопи. Но, дали сте забележале дека и ова лого има скриена порака? Првите две букви го симболизираат основниот аналоген сигнал, додека последните две изгледаат како 1 и 0, симболизирајќи го дигиталниот сигнал.
Eight
Секоја буква е направена од бројот 8. Генијално.
Carrefour
Carrefour е една од најголемите фирми во Европа и на француски значи „крстосници“. Логото го симболизира овој збор преку две спротивни стрелки. Тие исто така ја додаоа и првата буква од името: ако погледнете повнимателно, ќе ја забележите буквата C помеѓу двете стрелки.
Roxy
Roxy е компанија за облека и модни детали за девојки кои сакаат сурфање, сноубординг, скејтинг… Оваа компанија е всушност дел од Quiksilver. Логото на Roxy е направено од два логоа на Quiksilver кои формираат срце.
Unilever
Unilever е еден од најголемите произведувачи на храна, пијалак, средства за чистење и за лична хигиена. Тие произведуваат многу производи и ова сакаа да го покажат во нивното лого. Секој дел од логото има значење. Пример, срцето претставува љубов, грижа и нега – добро чувство, а птицата е симбол на слободата. Ослободување од дневните обврски – искористете повеќе од животот.
Northwest Airlines
Уште едно лого кое содржи многу информации. Прво, можете да ги видите буквите N и W, првите букви од името на компанијата. Но, тоа што многуминна не го забележуваат е компасот кој покажува на северозапад – уште еден показател за името на компанијата.
Milwaukee Brewers
Milwaukee Brewers е бејзбол тим од Милвоки, Висконсин. Нивното лого е всушност направено од буквите M (на врвот) и B (под М). Овие две букви исто така формираат и бејзбол ракавица.
Hartford Whalers
Ова лого го користи празниот простор за да ја формира буквата H. Можете да видите три различни дела: буквите H и W, како и опашката на китот со сина боја.
Tostitos
Ако погледнете во центарот на ова лого, ќе забележите двајца луѓе како уживаат во Tostitos чипс со чинија салса сос. Ова лого ја претставува идејата дека со чипсот луѓето се поврзуваат еден со друг.
Formula 1
Тука можете да го забележите бројот 1 во празниот простор помеѓу F и црвените ленти. Исто така, ова лого ја симболизира брзината.
Sun Microsystems
Името на Sun во ова лого можете да го прочитате од сите страни, хоризонтално и вертикално. Дизајнирано е од професорот Вон Прат од Универзитетот Стенфорд.
NBC
NBC (National Broadcasting Company) е една од најголемите телевизиски мрежи. Веруваме дека сите сте го забележиле паунот во ова лого. Паунот има 6 различни бои на опашката, симболизирајќи ги шесте дивизии кои постоеле кога ова лого било создадено. Главата на паунот е свртена на десно, сугерирајќи дека гледа само напред, никогаш назад.
Presbyterian
Ако мислевте дека претходните логоа имаа многу скриени пораки, погледнете го ова. Тоа е печатот на Презветеријанската црква и има неколку скриени значења. Можете да претпоставите кои се тие.
Spartan golf club
Ако го загледате логото на Spartan golf club ќе видите дека човекот кој замавнува со палка и линиите над него формираат лик на спартанец.