Оптичка илузија што не може да ги измами тие со шизофренија

maska

Оптичките илузии ни се секогаш интересни бидејќи ја искривуваат реалноста и нé тераат да гледаме непостоечки слики. Но, постои една визуелна измама, позната како „празна маска“ која се издвојува по тоа што не може да ги збуни оние кои страдаат од шизофренија, пишува Independent, повикувајќи се на новото истражување.

„Празната маска“ е илузија која ментално здравите луѓе ја доживуваат како конвексно (испакнато лице), за разлика од шизофрениците кои ја гледаат како конкавна (вдлабната слика), што реално и е.

Просечниот човечки мозок го восприема светот како комбинација од „нагорно“ процесирање (она што го гледаме) и „надолно“ процесирање (она што го очекуваме во зависност од личните искуства).

Авторите на студијата, Дана Дима од Хановерскиот медицински универзитет и Џонатан Ројсер од Универзитетскиот колеџ Лондон, подложија 16 здрави субјекти и 13 пациенти со шизофренија на тест со fMRI – машина која ја мери мозочната активност – во случајов додека ја гледаат оваа слика.

„Нашето надолно процесирање чува спомени, како урнеци на модели. Сите модели во нашата глава имаат лице кое ‘излегува’, па затоа кога и да видиме лице, се разбира дека тоа е испакнато, а не конкавно“, вели Дана.

Кога здрав човек ќе ја погледне сликата, врската помеѓу надолното процесирање и визуелните зони на мозокот одговорни за перцепцијата на сликата се зајакнуваат. Моќта на врската е толку голема што го тера човекот да ја прифати илузијата, дури и кога е свесен дека е само илузија.

Шизофрените пациенти, пак, кои се склони кон халуцинации и делузии, немаат таква врска меѓу надолното процесирање и визуелните зони, па ја гледаат сликата каква што реално е (вдлабнато лице, во случајов).

Без разлика дали една слика изгледа како да се движи, да се зголемува или да ја менува својата боја, научниците продолжуваат да ги користат оптичките илузии како алатка за истражување и разбирање на функциите на мозокот.

Еве уште една.

- Реклама -