Подарокот за Харпер Ли

harper-lee[1]

Нел Харпер Ли, пред да стане една од најпопуларните писателки, беше обична служителка во авиокомпанија од Њујорк. Сé се смени во декември 1956 година, кога од пријателите и колегите добива на подарок пари во износ од плата за цела година, со охрабрувачка порака: „Имаш една година пауза од работа, за да напишеш што сакаш. Среќен Божиќ“.

А Ли богами напиша. Ја напиша „Да убиеш птица подбивница“, книга која подоцна се продава во 30 милиони примероци. Книгата е омилена на милиони читатели ширум светот, а често ќе ја најдете и во препораки за топ 10 книги што мора да се прочитаат.

Bright Side издвојува неколку мисли кои таа ги сподели преку нејзиниот прочуен роман:

Луѓето не сакаат да имаат околу себе некој кој знае повеќе од нив. Тоа ги лути.

Атикус беше рекол дека е учтиво да зборуваш со луѓето за она за што тие се заинтересирани, а не за она што се интересираш ти.

Никогаш не можеш да разбереш еден човек, додека не ги видиш работите од неговата гледна точка – додека не влезеш во неговата кожа и не се разодиш во неа.

Едноставно има таков тип на луѓе кои – кои се толку зафатени со грижата за идниот свет, што и не научуваат да живеат во овој.

Пред да можам да живеам со други луѓе, треба да живеам со себе.

Повеќето луѓе се добри, Скаут, кога најпосле ќе ги видиш…

Кога детето те прашува нешто одговори му, забога. И не прави од тоа театар. Децата се деца, но побрзо од возрасните ги забележуваат лагите и само се збркуваат.

Храброст е кога знаеш дека си поразен уште пред да почнеш, но и покрај тоа одиш и се држиш до крај. Ретко победуваш, но понекогаш се случува.

Нештата се секогаш подобри наутро.

Според мене има само еден вид луѓе. Луѓе.

- Реклама -