Полека се приближува новогодишната вечер, па доколку веќе знаете што ќе носите, време е и да почнете да размислувате за празничниот маникир. Впрочем, ноктите кои ќе ви ги прикажеме во галеријата подолу, се толку многу интересни, што можеби и токму според нив ќе се одлучите во каква боја да се облечете. Без разлика дали ќе ја прославувате во интимна домашна атмосфера или на голем простор со многу луѓе, погрижете се ваквите нокти да го доловат духот на Новата година. Еве неколку идеи кои ќе ви помогнат за како тоа да го направите.