22 ноември – неработен ден за припадниците на албанската заедница, до крајот на годината уште еден продолжен викенд

Согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2019 година (петок), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија, соопштува Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.

По Денот на Албанската азбука, до крајот на годината неработни денови се уште:

• 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) – за сите граѓани на РМ

• 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик – за граѓаните припадници на турската заедница во РМ

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

• 25 декември (среда), првиот ден на Божик – за граѓаните од католичка вероисповед

- Реклама -