22 години од најславната свадба во Југославија

Во 1991 година, беше одана венчавката за која со години се зборуваше, а денес во најтесниот круг од семејството, беше прославена 22-годишнината од овој брак кој се уште трае.

На 7 декември 1991 година, во најелитниот хотел во СФРЈ, „Интерконтинентал“, се омажи тогаш најпознатата пејачка на овие простори, Лепа Брена, со Боба Живоиновиќ.

Беше тоа најголемата и најмедиумски распространетата свадба во регионот, на која присуствуваа повеќе од 500 гости, а Брена блескаше во венчаница од Dior.

Двојката која денес има поцврста врска од кога и да било, има два сина: Стефан и Виктор, а Брена ја овековечи годишнината од бракот прикачувајќи слики од малата прослава на нејзиниот Twitter профил.

215780

- Реклама -