Како нацистите ја окупираа свастиката

Пред нацистите да почнат да го користат овој симбол и да му дадат лоша конотација за век и векова, свастиката имала сосема поинаква историја ширум светот.

Археолозите најдоа докази дека свастиката се користела насекаде, од Европа па до Африка и Азија, и тоа илјади години наназад во времето на бронзеното и железното доба.

svastica

Според меморијалниот музеј на холокаустот во Америка, свастиката се вратила во широка употреба во Европа кон крајот на 1800-тите години, по обемните археолошки ископувања на популарниот археолог Хајнрих Шлиман. Имено, тој открил кукаст крст на местото на античка Троја, а слични облици биле пронајдени и на германските артефакти. Заклучокот бил дека свастиката била значаен религиски симбол на нашите далечни предци. По тоа откритие, свастиката започнува нашироко да се употребува како симбол на среќа, во Европа, но и надвор.

svastika-foto-profimedia-1431766186-661423[1]

„Набрзо, свастиката беше насекаде, ротирајќи во насока на стрелките на часовникот, или обратно“, вели Сара Боксер во Њујорк Тајмс. Станала составен дел и на потписот на прочуениот Киплинг, на привезоците на Кока-Кола, на Карлсберговите пивски шишиња, американската војска го имала на униформата на рамото, па дури и децата скаути добивале свастика како беџ со заслуги.

Истовремено, и некои поголеми групи го присвоиле овој симбол. Германското националистичко движење во свастиката виделе линк поврзаност со ариевската господарска класа, како симбол на ариевскиот идентитет и германската национална гордост. Наскоро станал тесно поврзан со идејата за расно чиста држава.

kd4f35e314[1]

Во својата книга „Mein Kampf“, Хитлер пишува дека им е потребен амблем кој би бил симбол на нивната борба и би бил ефективен како голем постер. Свастиката, на начинот на кој нацистите ја користеле, дефинитивно се совпаѓала во ваквите замисли. Во 1920-тата, и официјално го присвоиле симболот, со сé црвеното знаме со бел круг. Околу знамето, Хитлер напиша:

„Ние, националните социјалисти, го сметаме нашето знаме за олицетворение на нашата програма. Црвената ја изразува друштвената мисла на која се темели идејата на партијата. Белата ја претставува националната мисла, а свастиката ја означува мисијата – борба за победа на ариевците и истовремено победа на идеалите на креативниот труд кои сами по себе биле и секогаш ќе бидат антисемитски“.

svastika-foto-profimedia-1431766154-661421[1]

Откако милиони луѓе се систематски убиени под знакот на свастиката, таа стана симбол на геноцид, фашизам, расизам и останати негативни конотации. Малкумина сé уште се трудат да го рехабилитираат вистинското значење на кукастиот крст, ама тешко дека тоа некогаш ќе се случи.

- Реклама -