2025 година ќе биде третата најтопла година во светот, предвидуваат научниците

Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде трета најтопла година во светот, веднаш зад 2024 и 2023 година, кои ќе ги заземат првите две места на листата на најтопли години откако се мери температурата.

Според податоците на британската Метеоролошка служба, 2025 година ќе биде најмалку 1,29 степени потопла од пред индустриската ера, а можно е температурата да се зголеми и до 1,4 степени, пишува „Скај њуз“.

Се очекува 2025 година да го собори рекордот од 2020 година, која поради тоа ќе биде на четвртото место.

- Реклама -