„Ми го скрши срцето зашто не знаев да танцувам… Но сега научив и се вратив за да ти покажам… Ме сакаш ли, сега кога знам да танцувам?“, пееја Контурс во ’88-година.
„Ме сакаш ли сега, кога знам да танцувам?“, прашуваат и Атлас и Спот, напредните роботи на Boston Dynamics, кои речиси инстантно будат слики од сцени од франшизата Терминатор. Оние што барем малку ја следат компанијата, знаат дека видеа објавуваат ретко, но секое од нив е безмалку историски запис за следниот чекор во еволуцијата на механичките роботи. Овојпат, на два дена пред истекот на најомразената 2020-та, нѐ почестуваат со ова:
Многумина, неверувајќи во она што го гледаат, добиваат впечаток дека се работи за CGI. Тоа ќе беше оправдано за било која друга компанија, но не и кога станува збор за Boston Dynamics. Ако ништо друго, сѐ уште добро ги паметиме видеата кога Атлас учеше да оди по трева, па почна да трча, па почна да скока, па да прави салто… Сѐ тоа – ТУКА.