Од сè уште непотврдени причини синоќа излета од патот возило марка Фиат. Според полицијата, синоќа околу 20 часот возилото излетало од патот во билзина на хотелот „Евротел“ – Струга.
Во автомобилот имало пет луѓе од кои четворица се повредени и за жал еден загинат.
Загинатиот е 29 годишен кичевец.
Тројца од повредените се пренесени во охридската болница „Св. Еразмо“, а еден во болницата во Струга.
За жал кичевецот го загубил животот.
Инаку сообраќајката се случила непосредно по онаа на релација Гостивар-Србиново -Падавиште, каде имаше 8 повредени од кои 5 беа деца.