Испеглани и средени шишки се апсолутен хит за оваа пролет. Може да ги носите и разбушавени, во комбинација со пунџа или плетенки. Стилистите, затоа со причина 2013 ја нарекуваат година на шишките.
Стилистот Алан Тослер вали:
-Ретките шишки изгледаат одлично и сите ги сакаат. Ако имате дива коса, шишките не се за вас. Исто така, ако косата ви расте ниско на челото, шишките нема добро да ви стојат.
-Шишките оваа година се ултимативен тренд. Многу велат дека шишките се добра алтернатива на ботоксот затоа што може многу да покријат на местата каде што се појавуваат бори.
-Ако се двоумите околу шишки, најдобро е да ja следите вашата форма на лице. Овалното лице солидно може да поднесе било каква форма на шишки, на округлите лица повеќе им одговараат долги шишки кои се уште подолги на страните. На лицата со форма на квадрат, исто така, им одговараат шишки што се подолги на двете страни и малку разбушавени, а на долгнавестите тесни лица супер им стојат било какви шишки. Ако имате срцевидно лице се препорачуваат густи, рамно ишишани шишки, како на Ана Винтур, главната уредничка на магазинот „Vogue“.