Повеќето луѓе кои се враќаат од одмор чувствуваат како патот кон дома да е многу покус од одењето на одмор. Иако двете растојанија се најчесто речиси исти, враќањето сепак се чини побрзо. Научниците веруваат дека овој „ефект на враќање“ не е поради тоа што веќе го знаеме патот кога се враќаме кон дома, туку поради различните очекувања.
Главниот истражувач, Нилс ван де Вен, од Тилбург Универзитетот во Холандија, вели: „Луѓето често потценуваат колку ќе треа патувањето кога одат на одмор и поради тоа тие го искусуваат како долг пат. Врз основа на ова чувство, патникот очекува враќањето дома да биде исто така долго, што значи дека секогаш истото е покусо од очекувањето.“ Истражувачите велат дека преоптимистичка проценка за времето потребно за патувањето води кон илузијата дека патот назад е кус.
Овој заклучок се базира на три куси студии во кои 350 луѓе или патувале со автобус, велосипед или гледале видео од човек кој патува со велосипед. Кога биле споредени проценките за времетраењето, доброволците мислеле дека патот назад бил во просек околу 22 проценти покус. Ефектот на враќање бил најголем кај учесниците кои рекле дека првотот патување било разочарувачки долго. Кога на една група учесници им било кажано дека претстојното патување ќе изгледа долго, ефектот на враќање исчезнал.
Иронично, но кога на учесниците им било кажано дека претстојното патување ќе биде многу долго, тие го искусиле патувањето како кусо. До сега, популарното објаснување за овој ефект бил дека патот кон дома е добро познат и попредвидлив. Но истражувачите покажале во нивната студија дека ова објаснување е малку веројатно. Ко-авторот Мајкл Рој, од Елизабеттаун Колеџот во Пенсилванија, изјавил: „Ефектот на враќање исто така постои и кога учесниците патувале по различен пат со иста должина.“
„Немора да го познавате патот за да го искусите ефектот.“ Истражувачите сега се надеваат дека ќе можат да објаснат повеќе од самиот ефект на враќање. Професорот Ван де Вен додал: „Овие резултати на ефектот на враќање можат да ни помогнат да направиме нови предвидувања за тоа како луѓето го искусуваат времетраењето на одредени задачи, дури и оние кои не се поврзани со патувањето.“ [Why the return journey always seems quicker (and it’s not due to being more familiar with the route)]