Откриен вонземски живот

вонземјаниНе сме сами во универзумот a вонземскиот живот има многу повеќе сличности со оној на Земјата отколку што претходно се претпоставуваше. Тоа е заклучокот до кој дошол еден научник од NASA. Тој ги претставил своите откритија во нова студија во месечното издание на Journal of Cosmology.

Доктор Ричард Б. Хувер, астробиолог од Marshall Space Flight Center, повеќе од десет години патувал до изолирани региони како Сибир, Алјаска и Антарктикот  собирајќи метеорити за проучување. Тој своето истражување го фокусирал на екстремно ретка класа на метеорити наречена CI1 carbonaceous chondrites – познати се само девет вакви метеорити на Земјата.

Хувер е убеден дека тој открил фосилни докази од бактерии во овие метеорити, остатоци од живите организми во вселенските тела од кои потекнуваат метеоритите. Тој вели дека овие податоци наведуваат кон заклучокот дека не сме сами во универзумот. „Јас го толкувам како индикатор дека животот е пошироко распространет а не ограничен само на планетата Земја“ додал тој. „Ова научно поле досега беше речиси недопрено – бидејќи искрено голем број научници велат дека ова е невозможно.“

Со помош на „многу еднсотавен процес“, како што тој го нарекува, доктор Хувер ги скршил камењата во стерилна средина пред да ги проучува со стандардната алатка на секој научник – електронски микроскоп, кој му овозможил да ја проучи површината на каменот за докази за фосилни остатоци. „Возбудливиот дел е што голем дел од нив се лесно препознатливи и можат да бидат поврзани со видови кои постојат на Земјата“. Но не сите: „Има некои кои се премногу чудни и не изгледаат како нешто што јас би можел да го идентификувам, ги покажав на многу други експерти кои исто така останаа збунети.“ [Exclusive: NASA scientist claims evidence of alien life on meteorite]

- Реклама -