Како изгледаше 2007 во поглед на модата? Кои луѓе ја дотераа и каков изглед и прилегаше на минатата година? Видете го модниот календар број 2007.
изглед и прилегаше на минатата година? Видете го модниот календар број
2007.
Првиот месец од 2007 година ги носи и првите доделувања на награди, т.е. прошетки по црвениот тепих.
Reese Witherspoon беше пофалена за храброста да облече, но и за стилот со кој и успеа да го износи лимон-жолтиот фустан на црвениот тепих.
Февруари со случувања во Лондон – тамошната модна недела и креаторот Marc Jacobs кој во овој град отвори бутик и ја претстави својата колекција есен-зима 2008. Се издвои и актерката Selma Blair, опуштена и поинаква од другите. А во Америка модна награда за Donatella Versace и медиумско (пре)појавување на Victoria Beckham.
Март, месецот на Оскарите, донесе слава за Jennifer Hudson, но и многу озборување и поделени мислења за нејзиното сребрено болеро. Reese Witherspoon пофалена и на овој црвен тепих, а овој месец Madonna покажа што креирала за H&M.
Вниманието свртено кон манекенката Agyness, за која не се знае ни дали и е ова вистинско име, ниту пак колку години всушност има (таа вели 23). Април е месецот во кој почна на големо да се зборува за неа, но фотографиите се од септември, кога за само две недели таа на модните писти се појави со три различни бои на коса.
Kate Moss за Topshop точно на први мај. Таа позираше во излогот, а скоро сите девојки од Англија си купија по нешто со нејзин потпис! Мала конкуренција истиот месец – Lily Allen со своја линија за New Look.
Ова лето во Британија се купуваа памучни торбички за само 5 фунти. Станаа хит пропагирајќи шопинг кој ја исклучува старата кеса, која е штетна за природата.
Во јуни се оддаде и почит за Gianfranco Ferré кој почина на 17. 06. 2007.
Јули преплавен со информации и фотографии за преселбата на Victoria Beckham во САД. Целиот свет гледаше како таа позира во розово издание.
Оваа година се појави уште една контроверзна модна икона, (како Kate Moss да не беше доволно проблематична) пејачката Amy Winehouse, која ги инспирира девојките да ставаат многу туш на очите и да ги покажат прерамките од градникот. И секако, беше прогласена за една од најлошо облечените.
Во септември Ralph Lauren славеше 60 години во модниот бизнис, Valentino најави дека ќе се пензионира, а внимание привлече и настапот на Prince на ревијата на Matthew Williamson.
Во октомври благодарение на Fendi прв пат во историјата видовме модна ревија на Кинескиот Ѕид.
Во ноември доделени британските модни награди, а наградени се жени дизајнери – креаторките Stella McCartney, Anya Hindmarch и Vivienne Westwood.
Roberto Cavalli, пак, креира за H&M.
За крајот на годината останаа забавите, а како една од најуспешните се покажа онаа на Chanel во Los Angeles, каде одличен впечаток остави манекенката Natalia Vodianova.