По интернет ќе најдете милион идеи за поуреден дом, ама добар дел од нив се, ај да не речеме глупи, ама нефункционални. Ние, како непрофесионални домаќини, пробавме таквите да ги елиминираме и да направиме една мала компилација од решенија што нас ни фатија око.
1. Лизгачко шкафче на тркалца за во кујната. Го извлекувате и оп, дополнителна работна површина.
3. Ако баш сакате да виткате подароци и имате многу украсна хартија.
4. Прицврстете ги капаците од теглите на долната површина од висечките шкафови. Ако искористите тегли со иста големина, ова ќе изгледа уште подобро.
5. Лизгачка фиока до фрижидерот. Стара финта што ако ја немате, одамна ја меркате. Ние колку да ве буцнеме конечно да ја направите.
6. Преместете ги капаците на тенџерињата на вратата од шкафот, и ќе имате место за повеќе тенџериња (едно во друго). Можете да го изведете вака:
Или вака:
7. Кутивчиња со магнети залепени на фрижидерот. Примеров со молививе е без врска (кој чува моливи до фрижидерот?) ама можете да ставите други ситнурии што ви се мотаат во близина, под услов да не се ножеви.
8. Хоризонтално прицврстени онзерви како складиште за разноразни тракатанци.
9. Секој кревет може да има фиоки. Само ставете им тркалца.
10. Масичка на отварање. Сигурно стопати сте ја сретнале, ама не може да помине ваква колекција без неа.
11. Шкафче на вертикално отварање, со тоа што вратничето служи како масичка. Ставете огледало на внатрешниот заден ѕид, и имате свое „биро“ за шминкање, на пример.
12. Сликата доволно објаснува. Зошто да го изгубите просторот околу казанчето?
13. Чувајте го накитот со помош на копчиња.
14. Усогласете го стилот на куферот со просторијата, и имате ново шкафче.
15. Закачалки на страничната страна од плакарите што не ја користите.
16. „Станица за полнење“ на разни уреди од кутија за чевли. Малку украсна хартија и ќе изгледа далеку поуредно од купот кабли.
17. Класика. Завеса за туш со џебови.
18. Вертикален плакар за чевли. Ако носите претежно чевли со потпетици, доволно е да направите мал ормар со попречни оклагии (имаме ли наш збор за овие попречниве шипки?), на кои чевлите ќе ги закачувате за штиклите. Тие неколку пара рамни чевли можете да ги чувате најдолу во ормарот, на подот.