Дожд на вашиот свадбен ден – тоа не е само добар знак за младенците, туку исто така големи се шансите за еден фотограф да направи навистина прекрасни фотографии.
Големи капки дожд, рефлексии во вирчињата, виножито – кој вели дека нема убавина во свадбата на есен.
Доколку прогнозите не ви се наклонети на свадбениот ден не очајувајте, препуштете му се на фотографот, а вие не престанувајте да се смеете, тоа е вашиот најубав ден.