20 хорор филмови базирани на вистинска приказна (2. дел)

1241527697.jpg Ја погледнавме листата на првите 10 хорор филмови – еве ги и вторите 10. Хорор филмови кои – верувале или не – се базирани врз вистинска приказна.

Ја погледнавме листата на првите 10 хорор филмови – еве ги и вторите 10. Хорор филмови кои – верувале или не – се базирани врз вистинска приказна.


Henry: Portrait of a Serial Killer (1986)
henryportrait.jpgФилмската  приказна: Хенри е сериски убиец кој убил стотици луѓе,
понекогаш со помош на својот цимер Отис. Тој наоѓа доза мир во сестрата
на Отис, Беки.
Вистинската приказна: Сценаристот/режисер Џон МекНутон бил инспириран
од серискиот убиец Хенри Ли Лукас кој имал помошник со име Отис Тул и
романтична врска со внуката на Отис, Фреда Пауел. Како и да е,
убиствата во филмот се повеќе базирани врз изјавите на Лукас отколку на
фактите. Лукас признал за 600 убиства, признал затоа што со тоа добил
поголеми бенефиции во затворот. Многу не неговите признанија биле
одбиени и Лукас бил осуден за 11 убиства, вклучувајќи го и тоа на Пауел
и го поминал остатокот од својот живот во затвор.

 

The Serpent and the Rainbow (1988)

serpentrainbow.jpg Филмската приказна: Американскиот антропологист Денис Алан е најмен од фармацевстка компанија да обезбеди примерок од дрога која е користена во вуду ритуалите на Хаити, прав што парализира кој симулира смрт.
Вистинската приказна: Филмот е адаптација на книгата од 1985 на канадскиот научник Вејд Дејвис, неговите искуства за зомбификацијата на Хаити. Тој изјавил дека прав од природни токсини може да биде користен за да се доведе жртвата до ситуација слична на смрт и да биде воскресната со хинотички транс кој го контролира „господарот“. Впечатлива е изјавата за Clairvius Narcisse, кој кажал дека служел како зомби 2 години во 60тите. Сеуште има дебата за вистината во изјавите на Дејвис.

 

The Mothman Prophecies (2002)

mothmanprophecies.jpgФилмската приказна: Репортерот Џон Клен ќе се изгуби додека вози и ќе заврши во Point Pleasant, Западна Вирџинија, каде што се среќава со нешто наречено Mothman, суштество чие појавување значи дека ќе има несреќа – пример, колапсирањето на мостот на реката Охајо.
Вистинската приказна: Изјави за видување на големо, неидентификувано суштество имало во Point Pleasant, Западна Вирџинија 13 месеци помеѓу 1966 и 1967. Тогаш, на 15 декември 1967, Сребрениот Мост, кој го поврзува Point Pleasant со Охајо колпсирал, убивајќи 46 луѓе.

 

Open Water (2004)

openwater.jpgФилмската приказна: Кога небрачниот пар Даниел и Сузан одат на нуркање, бродот со кој дошле си заминува предвреме, оставајќи го парот сам во вода, опкружен со ајкули.
Вистинската приказна: Во јануари 1998, брачниот пар Том и Елејн Лонерган исчезнале во Австралија откако компанијата за нуркање случајно ги оставила зад нив во вода. После два дена паричник и пасоши биле најдени – за да екипажот да сфати дека ги оставил зад нив. Ги барале, но никакви тела не биле најдени. Остатоците најдени подоцна не укажуваат на насилни напади од ајкула како што кажува филмот.

 

The Exorcism of Emily Rose (2005)

emilyrose.jpgФилмската приказна: Свештеник е на судење за смртта на младата жена Емили Роуз, врз која тој извршил егзорцизам. Преку флешбекови, гледаме како таа патела додека траела постапката.
Вистинската приказна: Филмот е инспириран од  Anneliese Michel, 16 годишно германско девојче, кое во 1968 почнала да покажува знаци на демонска опседнатост. Со години, таа патела од парализа, само – повредување и видувања на демони се до 1975, кога двајца свештеници извршиле егзорцизам на тоа што верувале дека се неколку демони за 10 месеци. За тоа време, Anneliese одвај јадела и умрела од прегладнетост во јули 1976. Нејзините родители и свештениците биле обвинети за убиство. Поминале 6 месеци во затвор.

 

Wolf Creek (2005)

wolfcreek300.jpgФилмската приказна: Две Британки и еден Австралијанец одат во австралиската приода за да кампуваат во Wolf Creek Националниот Парк. Кога нивната кола ќе им се расипе, ги спасува камионџија кој ги заробува и ги мачи.
Вистинската приказна: Greg McLean оригинално го напишал сценариото како фикција, но откако бил запознаен со случајот на двајца австралиски убијци кои убивале туристи тој ја изменил приказната за да се рефлектира со вистината – Bradley John Murdoch, кој убил британски турист и се обидел да грабне друг во јули 2001 и Ivan Milat кој собирал автостопери и ги носел во шумата за да ги мачи и убие во 90-тите. И  Murdoch и Milat биле фатени и осудени на доживотен затвор.

 

An American Haunting (2006)

americanhaunting.jpgФилската приказна: Во 19 век Џон Бел и неговото семејство се измачувани од невидливо битие, на кое цел му е ќерката Бетси.
Вистинската приказна: Филмот е базиран на легендата на Bell Witch, приказна која оригинално потекнува од Тенеси во 1800 година. Многумина веруваат дека дека е фикција, иако ликовите во приказната се вистински. Според приказната, Џон Бел бил отруен од дух и иако филмот тврди дека „ова е единствен случај во САД каде што дух е одговорен за смртта на човек“, сепак, нема такви податоци. Некои тврдат дека и филмот „The Blair Witch Project“ е под влијание на оваа приказна.

 

Primeval (2007)

primeval.jpgФилмската приказна: Американска медимуска екипа патува за Burundi да на прави статија за крокодил кој јаде луѓе, долг 30 стапки и одговоренб за преку 300 жртви.
Вистинската приказна: Приказната е базирана врз Gustave, 20 стапки долг крокодил кој живее во Burundi и се верува дека е најголемиот забележан крокодил на Афричкиот континент. Се шират гласини дека убил 300 луѓе, иако бројот е секако зголемен. Обидите за негово заробување секогаш пропаѓаат и суштеството, кое се верува дека е старо 65 години, сеуште живее во Ruzizi реката, област во Burundi.

 

Them (Ils) (2007)

them.jpgФилмската приказна: Млад француски пар поминуваат викенд во изолирано место во село во Романија, кога, во 03.00 едно утро се наоѓаат самите себеси опкружени од непознати луѓе со намера да ги убијат.
Вистинската приказна: Филмот е базиран на „вистинската приказна“ на австриски пар кој бил убиен од тројца тинејџери додека биле на одмор во Чешката Република, но нема конкретни докази за да се докаже оваа приказна.

 

The Haunting in Connecticut (2009)

hauntinginctposter2.jpgФилмската приказна: Campbell семејството се сели во Connecticut за да бидат близу до докторот кој се грижи за нивниот болен син, Matt. Тие наскоро откриваат дека нивниот нов дом е поранешен погребален дом опседнато од непозната сила.
Вистинската приказна: Инспирација за филмот било Parker семејството, кое се преселило во Connecticut во 1986 за да бидат близу до специјалистот кој го лечел нивниот 14 годишен син Paul од рак. Во подрумот, кадешто Paul спиел, тие нашле опрема која откривала дека куќата порано била погребален дом. Тие пријавувале мистериозни феномени, како крвави врати, непрепознатливи гласови и сенишни фигури. Paul станува опседнат од сила која го тера да го напаѓа своето семејство. На крај, егзорцизам бил извршен за да се исчисти куќата.

- Реклама -