За еден ден видеово веќе има над 600 илјади прегледи и сите се сложуваат во едно – дека од снимката ви се леди крвта.
Американскиот турист Крис Гурски, на првиот ден од својот одмор во Швајцарија, решил да проба параглајдинг. Верувале или не, инструкторот заборавил да го закачи, па Американецот целиот лет го поминал држејќи се на леталото (и ногавицата на инструкторот) единствено со своите две раце. И сето тоа снимено на видео, од првиот па до последниот момент.
Крис завршил на операција, со скршен зглоб и скината тетива на бицепсот од долгото држење. Но сега е добар. Планира пак да го проба истото. Првиот пат не уживал, вели.