Мочана канцелариска работо !!!

Летото одамна заврши и многуте кои дипломираа бараат работа. Можеби текстов се однесува токму за тебе! Стоиш со дипломата во рака и подготвен си да ја започнеш кариерата од соништата. Но, дозволи ми да ти ги соопштам новините за твоите сништа. Умреа. Мораа да умрат.
Нема никогаш да бидеш филозоф или историчар по уметност. Нема да бидеш ни активист за човекови права, ниту пак ќе управуваш со некој добротворен фонд. Твоите соништа се мртви, удавени на некое крајбрежје на бледо изгреаното утринско сонце.

the-office-boring-meeting1

И така, летото 2015, ти, како и многу други го заврши три-четири годишното трчање по шалтери на студентските прашања и откри дека си печен за низок службеник во државната администрација. Во случај да не си информиран, админисрацијата претставува деликатна уметност на средување неважни работи кои секогаш ги има на претек. Погоди кој треба да ги среди?

И така, мајка ти те праќа во биро за вработување и те облекува поофицијално за нешто што претставува неформален разговор со некој тип по име „Влатче“, на кого треба да му ја предадеш единствената страница од CV-то на кое стои твоето завршено средно образование, двете „мувачици“ и голот со глава на голем одмор.

Го добиваш работното место. На среќата и нема крај. Еве што ќе ти се случува таму!

– Ќе мораш да ги трпиш лошите досетки во канцелариското кујниче. Кујната не била ни во план да биде кујна, туку резервна соба.
– Некој многу ќе се налути поради твоето прво доцнење, како тоа да е најбино на целиот свет.

фџдзфв

„Долга пауза за ручек а?“, „Сигурно е убаво кога немаш многу работа, така?“ Ова го вели жената која веќе со недели нема направено ниту еден телефонски разговор, ниту испратила службен меил.

Освен овој, „Здраво, само едно потсетување во врска со точноста. Би требало да доаѓаме на работа во 8:00 и паузата за ручек да ни трае точно половина час. Сите колеги се држат до овие правила, ве молам придржувајте се и вие“. Ова го пишува жената која во 10 до 4 бучно ја зема ташната од бирото и чека да искуца 4:00 кога во истата секунда ја напушта зградата.

Работата е во следново: Дали навистина треба да се замараме со точната бројка на саати и минути која ја поминуваме во канцеларијата не правејќи ништо. Веќе однапред ни се избројани саатите, минутите и секундите кои ќе ги поминеме на оваа планета. Дали навистина треба да ни биде гајле што сме украле 10 минути од вечноста и од нашите шефови и сме си ги посветиле на нас? Само наште срца имаат конечен број откуцувања. Кој ја ебе точноста, а богами и тебе, шефице!

Доаѓаш од ручек седнуваш на компјутер и мора да научиш како да ја претвориш паузата за ручек во три-часовна попладневна пауза. Почнуваш да ги пролистуваш популарните веб портали, како на пример 365.com.mk.
Верувај, не го правиш тоа само ти, тоа го прават сите, па дури и шефицата, па и Влатче, од претходно…

– Ги знаеш сите сајтови кои нудат попуст, бидејќи имаш „2000 евра“ плата.
– Ќе учествуваш во глупите канцелариски шеги, кои верувај дека подоцна ќе ти се врежат и во секојдневниот вокабулар.
– Мораш да им го погодиш кафето на колегите. Доколку ја зезнеш работата верувај дека до крајот на работното време ќе имаш лекции по правење кафе или чај.
– Во канцеларијата има бела табла на која никој ништо никогаш не напишал, ниту пак ти некогаш ќе смееш да нацрташ нешто срамотно. А ти доаѓа, ептен…
– Правите две екипи за фудбал и сфаќаш дека поголем дел од неделата поминуваш со луѓе, потполно небитни во твојот живот.
– Некој стекнува мала доза на моќ и веднаш станува директор
– Ќе одите на најдосадниот излет

- Реклама -