19 безмилосни факти за мажите

Интересни факти за мажите, што ретко кој ги знае.
1. На секои 107 момчиња се раѓаат 100 девојки. Според научниците зголемената стапка на наталитет кај момчињата се должи на нивната поголема смртност во бебешката и детска возраст.

2. Смртноста кај бебињата од машки пол е за 25% повисока во споредба со новороденчињата девојки.

3. Времетраењето на животот кај мажите е 64,52 година, додека кај жените е 68,76 година.

4. Највообичаената причина за смртност кај мажите се болести на срцето.

5. Една третина од мажите во светот се обрежани.

6. Од гледна точка на апсолутните големини во пропорциите на вкупната маса на телото, човечкиот пенис е подолг и подебел во споредба со сите други примати.

7. Во првите 6 недели од зачнувањето сите човечки ембриони се развиваат како девојки. Потоа, кај ембрионите од машки пол генот SRY во хромозомот Y почнува да произведува андрогени, првично тестостерон, кој го стимулира развојот на машки полови знаци.

8. Повеќето мажи имаат сексуални односи со меѓу 4-6 девојки, до првите посериозни односи. Тоа значи дека приказните за бурниот ергенски живот, во повеќето случаи, се измислици.

9. Момчињата страдаат 3-4 пати почесто од аутизам. Научниците уште немаат прецизен одговор на оваа тема, но некои сметаат дека девојките со полесна форма на аутизам подобро  ги кријат симптомите.

10. Момчињата-тинејџери четири пати почестo од девојките го напуштаат училиштето.

Angry-Boy-Does-Not-Care

11. Од сите оние кои загинале на работното место, 94% се мажи.

12. До 1900 година, речиси во сите земји во светот имало повеќе мажите-болничари, во споредба со жените. Денес тие се помалку од 10%.

13. Мажите три пати почесто од жените се зависници од  алкохол и два пати почесто oд дрога, од типот на марихуана и кокаин.

14. Мажите четири пати почесто од жените стануваат жртви на убиство и 10 пати повеќе од жените, вршат убиства.

15. Речиси во секоја земја од светот мажите двапати повеќе извршуваат самоубиства во споредба со жените. Во некои земји (како Русија, на пр.) нивото на самоубиства кај мажите е 6 пати повисоко од она на жените.

16. Просечниот маж има 50% повеќе мускулна маса и 50% помалку масти во споредба со просечната жена.

17. Едни од првите чевли со високи потпетици, ги носеле монголските мажи.

18. Гејшите првично биле мажи – т.н. Тајкомоти. Тие до 17 век им служеле на јапонските феудалци, но подоцна потребата од ваквата работа исчезнала и тајкомотите биле принудени да се преквалификуваат во луѓе кои ќе забавуваат. Првата жена гејша се појавила во средината на 18-ти век.

19. Според некои антроползи, способноста на мажите да го сфаќаат татковството е една од клучните разлики помеѓу мажите и животните.

- Реклама -