Креативноста работи на мистериозен и често парадоксален начин.
Креативното размислување е стабилна, дефинирачка карактеристика на одделни личности, но може и да се менува во зависност од ситуацијата и животната средина. Инспирацијата и идеите често доаѓаат навидум од никаде, ги нема кога се најпотребни, но и креативното размислување бара комплексни когнитивни способности, кое е сосема поинакво од обичните мисловни процеси.
Невролозите велат дека креативноста е многу посложена отколку што се мисли врз основа на теоријата на левата хемисфера, која е рационална и аналитична, а десната хемисфера е креативна и емоционална. Се верува дека креативноста подразбира низа конгнитивни процеси, нервни патишта и чувства, но се уште немаат јасна слика за тоа како функционира креативниот ум.
Од психолошки аспект, креативните личности е тешко да се „скротат“, затоа што се склони да избегнуваат навики и рутина. Истражувањата покажаа дека креативноста обединува многу специфичности, однесувања и социјално влијание на една личност.
„Креативните луѓе им е тешко да се спознаат себеси затоа што креативната личност е посложена од некреативната. Креативните луѓе обично имаат збркани умови“, вели Скот Бери Кауфман од Њујоршкиот универзитет.
Иако не постои „типична“ креативна личност, постојат одредени особини и однесувања кои укажуваат на тоа дека станува збор за многу креативна личнсот.
Наведуваме 18 работи кои тие ги прават поинаку?
1. Фантазираат
Креативните луѓе знаат дека фантазирањето воопшто не е губење на време, и покрај фактот дека наставниците во училиштата го кажуваа спротивното.
Во заедничката работа на Скот Бери Кауфман и психологот Ребека Л. Мекмилан под наслов „Ода на позитивно конструктивно фантазирање“, авторите тврдат дека фантазирањето допринесува во процесот на „креативна инкубација“. Многумина од нас од искуство знаат дека најдобрите идеи паѓаат на памет токму кога мислиме на нешто сосема друго.
Истражувањето од 2012 година укажува на тоа дека фантазирањето бара големо ангажирање на мозокот и дека може да допринесе до ненадејно воспоставување на врски и согледување на ситуација, бидејќи е поврзано со способноста да поврземе во сеќавањето одредени информации кога нас нешто друго ни го привлекува вниманието.
2. Сè приметуваат
Креативните личности во се препознаваат можност и постојано апсорбираат информации кои користат во изразување на креативноста. Писателката Џоан Дидион секогаш носела бележник со себе за да ги запише своите забелешки за луѓето и настаните, што и помагало „подобро да ја сфати сложеноста и конрадикторноста на умот“.
3. Работат кога се најефикасни
Многу големи уметници тврдат дека работат најдобро работат или рано наутро или касно навечер. Владимир Набоков пишувал веднаш по будењето во 6 или 7 часот наутро, додека архитектот Френк Лојд Рајт редовно шетал од 3 до 4 часот наутро, а работел неколку часа пред спиење.
4. Секогаш наоѓаат време да бидат сами со себе
„За да бидете отворени за креативноста, морате да знаете конструктивно да ја користите осаменоста. Мора да го надминете стравот од осаменост“, напишал американскиот психолог Роло Меј. Уметниците и креативните луѓе често пати се сметани за занесници и чудаци, но тоа навистина не е точно, но треба да се има на ум дека осаменоста понекогаш е клучот за постигнување на најголемите дела.
5. Бариерите на животната средина ги свртуваат во нивна корист
Новата област во психологијата, позната како пост-трауматски стрес, се занимава со последиците од негатини настани. Таа го завзема ставот дека многу луѓе знаат како да ги искористат неприликите кои биле причина за трауми од различни периоди од животот за креативен развој. Научниците откриле дека траумата им понага на луѓето да се развиваат кога станува збор за меѓучовечките односи, духовноста, почитувањето на животот, личната сила и, што е најважно, креативноста- и да воочат нови шасни во животот.
6. Секогаш се во потрага по нови искуства
Креативните луѓе сакаат да се изложуваат на нови искуства, сензорни впечатоци и состојби на умот, и дека нивната отвореност е значаен предуслов за изразување на креативноста.
„Отвореноста за нови искуства е убедливо најважен предуслов за креативна работа“, објаснува Кауфман. „Тоа вклучува голем број различни, меѓусебно поврзани аспекти: интелектуална љубопитност, барање возбуда, отвореност кон чувства и фантазии. Сето тоа заедно го предизвикува когнитивното и бихевиоралното истражување на светот, вашиот внатрешен и надворешен свет.“
7. Учат од сопствените грешки
Извршување на креативните активности често се опишува како процес во кој постојано се доживува неуспех се додека не откриете она што вас ви носи резултати. Креативните личности- барем оние успешните- научиле неуспехот да не го сфаќаат лично.
8. Поставуваат големи прашања
Тие се бескрајно љубопитни. Го посматраат светот околу себе, сакајќи да дознаат зошто и како нештата се такви какви што се- преку разговорите со другите или самите ги анализираат работите.
9. Ги набљудуваат другите луѓе
По природа се наклонети да посматраат и да се заинтересирани за животот на другите луѓе, креативните типови сакаат да ги набљудуваат луѓето, што понекогаш им овозможува да дојдат до најдобри идеи. „Пруст речиси целиот живот ги набљудувал другите луѓе и ги запишувал своите забелешки, што на крај дошло до израз во неговите книги“, вели Кауфман.
10. Ризикуваат
И превземањето на ризик влијае на креативноста. Многу креативни луѓе профитирале од превземање на ризик во различни аспекти од животот. Постои длабока и значајна врска помеѓу превземањето на ризик и креативноста, а тоа често се занемарува. Креативноста ви овозможува да направите нешто од ништо.
11. Животот го сфаќаат како шасна за самоизразување
Ниче верувал дека животот на човекот и светот треба да се гледа како на уметничко дело. Креативните типови можеби се повеќе склони на таквото размислување за светот и секојдневниот живот и постојано се во потрага по шанса да се изразат. „Креативноста не е ништо друго од индивидуално изразување на потребите на поединецот, желбата и уникатноста“, вели Кауфман.
12. Ги следат сопствените страсти
Креативните луѓе се мотивирани да дејствуваат поттикнати од внатрешна потреба, а не желбата за награда или признание. Психолозите покажаа дека креативните луѓе црпат енергија од активноста која за нив претставува предизвик, што значи дека се мотивирани од внатре. Научниците тврдат дека само размислувањето за внатрешните побуди и причини ја поттикнуваат креативноста.
13. Тие умеат да излезат надвор од кутијата на својата перспектива
Уште една важна цел на фантазирањето е дека ни помага да излеземе од рамките на сопствената, ограничена перспектива и да истражуваме со различен поглед и начини на размислување, што може да биде значаен придонес во креативнара работа.
14. Губат чувство за време
Додека пишуваат, играат, сликаат или се изразуваат себеси во кој било друг начин, кративните личности често приметуваат дека се наоѓаат во состојба позната како „flow“, кое им помага да бидат максимално креативни. „Flow“ (тек, проток, движење) е состојба на умот во кое индивидуата ги преминува границите на свесната мисла, за да стигне до возвишена состојба на концентрација и смиреност. Кога ќе се најда
15. Тие се опкружуваат со убавина
Често имаат одличен вкус, па самите тие сакаат да бидат опкружени со убави нешта. Неодамнешна анкета покажа дека музичарите- вклучувајќи ги оние кои свират во оркестари, работат како професионални музичари или настапуваат соло- многу се чувствителни на уметничката убавина.
16. Поврзуваат работи
Ако постои нешто по што многу креативните луѓе се разликуваат од другите, тогаш тоа е нивната способност да ги видат можностите каде другите не ги гледаат. Многу големи уметници и писатели имаат кажано дека креативноста е способност да поврзуваат работи кои другите луѓе никогаш не би помислиле да ги поврзат. Стив Џобс изјави дека „креативноста е поврзување на нештата“.
17. Постојано ги менуваат воспоставените модели
Многуте различни искуства се многу важни за креативноста, повеќе од било што друго, смета Кауфман. Креативните луѓе го менуваат постојаниот модел на живеење, за да испробаат нови работи и да избегнат нешто што животот го прави монотон. „Креативните луѓе имаат разновидни искуства, а навиката ја убива разновидноста на искуствата“, истакнува тој.
18. Одвојуваат време за потполна свесност
Креативните личности целосно ја сфаќаат вредност на јасното и функционално размислување, од кое зависи нивната работа. Многу уметници, забавувачи, писатели и други креативни луѓе, како режисерот Дејвид Линч, ја применуваат медитацијата како алатка за постигнување на најкреативната состојба на умот.