18 мигранти во ненамерна реклама за Опел

Како што информираат од МВР, вчера околу 20 минути по полноќ, на регионалниот пат Неготино – Радовиш, полицијата се обидела да запре сомнително возило модел „Опел Синтра“ со штипски регистерски таблички.

Возачот, меѓутоа, го запрел возилото и побегнал, но полицијата успеала да го заплени „товарот“; Вкупно 18 мигранти, 12 од Пакистан и 6 од Авганистан. Сите тие биле пренесувани во споменатото возило, ова на сликата.

Во меѓувреме е извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот. Мигрантите се пренесени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител.

Веста виа Прес 24

- Реклама -