18-годишник избодел скопјанец со нож

Во Градската болница избоден со нож бил донесен 32-годишен скопјанец. Напаѓачот е приведен. Овој настан е евидентиран во Билтенот на Министерството за внатрешни работи.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ вчера околу 10:40 часот пријавиле и дека кај нив бил донесен Љ.Р.(32) од Скопје со убодни рани од остар предмет.

Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и констатирано било дека Љ.Р. додека бил пред неговата куќа од страна на С.Х.(18) бил прободен неколку пати со нож во пределот на левата рака.

Нему од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. По преземени мерки С.Х. бил пронајден и приведен, а пронајден е и ножот со кој го извршил нападот.

Прочитајте и:  Внимание: Го направија Скопје зоолошка градина, паѓаат фасади, нема безбедност, владее урбана мафијa
- Реклама -