18.3% му веруваат на Заев, 11.7% на Мицкоски, 5.2% на Груевски, а само 30.1% на ниту еден од политичарите

Најголем дел од граѓаните, односно 30.1% од анкетираните, не му веруваат на ниту еден од политичарите, покажува најновата анкета на агенцијата „М-Проспект“, пренесува „Мета“.

Од оние што сепак уште не ја загубиле целосно довербата во политичарите, најголем дел му веруваат на премиерот Зоран Заев – 18.3% од испитаниците, а помал на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски – 11.7%.

Интересно е што трет со најголема доверба е експремиерот и азилант Никола Груевски, со доверба кај 5.2% од прашаните.

Зад него се Али Ахмети – со доверба кај 4.2% од анкетираните, потоа претседателот Стево Пендаровски – со 4%, и Зијадин Села – со 3.5%.

Кај партиите најголема доверба има ВМРО-ДПМНЕ, а анкетата покажува и дека во однос на 2018-та прилично значително е опадната довербата во премиерот Зоран Заев, значително пораснал рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, а особено е порасната довербата во Христијан Мицкоски. Детали на следниов ЛИНК.

Прочитајте и:  Мицкоски од Брисел: Ако ЕУ има желба, има и начин

 

- Реклама -