Познатиот режисер Кевин Смит, познат и како Тивкиот Боб, остана без својот миленик, член од семејтвото, пријатели… кучето Молдер.
На неговото збогување на Фејсбук се придружија повеќе од 200.000 луѓе, кои крајно емотивно одговарале на прекрасните зборови кои Смит ги упатил на Молдер.
Тие кои имаат домашни миленици ја разбираат болката на познатиот режисер, кој светската слава ја стекна со филмовите со Џеј и Тивкиот Боб во главни улоги.
Многу емотивен и искрен, Смит ја отворил душата на својот Фејсбук профил.
„Темен ден во нашето семејство. Нашето најстаро куче, Молдер умре. Бидејќи поминав една година како го носам како Ходор, не го поднесувам ова баш добро. Никогаш не ви го кажуваат тоа кога ќе земете куче, но постои цена која мора да ја платите за тие 17 години безусловна љубов, лојалност и пријателство, земајќи голем дел од вашето срце кога ќе си одат.“, напишал Кевин.
„Во овој момент се присетувам на една сцена од серијата „Doctor Who“ од втората сезона, епизодата „School Reunion“ ( во која Сара Џејн Смит иронично се враќа со робот-куче): “Можеш да го поминеш остатокот од животот без мене… Но јас не можам да го поминам остатокот од животот без тебе.“ А подоцна, кога Роуз ја прашува Сара Џејн дали ќе си отиде со Докторот, Сара ѝ одговара: “поради некои работи вреди да ви се скрши срцето.“ Молдер е вреден за тоа. За*би, ова боли…“, напишал Кевин, а по неколку часа објавил на пријателите дека Молдер умрел.
„Oтиде. Почивај во мир Молдер, мој пријателе. Ти благодарам за 17 години чисто задоволство и љубов. Беше потребно куче како тебе да ме направи подобра личност“, се збогувал режисерот со својот пријател.