Човеков буквално успеал да помести планина

Кога живееш во мало гратче, значи дека мораш да патуваш до соседните градови за да набавиш намирници.

Обично тоа значи дека ако тој град е оддалечен еден километар, треба да патуваш еден километар.

Но, случајот бил сосема поинаков за жителите на Гелхур. Помеѓу нив и соседниот град Вазирганџ стоела карпеста планина висока 100-тина метри. Гелхур било сиромашно гратче и немало школо, болница или работни места. За да имаат пристап до таквите привилегии, единствена опција за жителите било да изодат 72.5 километри, заобиколувајќи ја планината, или да го ризикуваат животот или барем екстремитет искачувајќи ја.

Еден ден, додека Дашрат Манџи собирал дрва за своето семејство на другата страна од планината, неговата сопруга тргнала да му однесе храна. Искачувајќи се, таа паднала и се повредила, а сите чинии се искршиле. Тоа било последната капка што ја прелеала чашата на Манџи, па решил да стави крај на сета таа мака. Ги продал трите кози што семејството ги поседувало и купил чекан, длето и хебла. Решил да пробие пат низ планината.

c5fa3e63-7293-4887-a7de-00f48781d17e[1]

Сите во гратчето сметале дека тоа е невозможно. Дури и неговиот брат сметал дека Манџи полудел. Како може еден човек да се дрзне на таква задача? Како ќе продолжи да заработува за семејството? Како обичен смртник, згора на тоа и сиромашен, може да победи планина што со децении им го отежнува животот на локалните?

Дашрат е доказ дека се е можно. Секој ден, тој работел на полето од 8 изутрина до 1 попладне, за да ја прехрани фамилијата. Од 4 до 8 часот наутро, и потоа од 1 попладне до доцна во вечерите, малку по малку ја длабел планината, остварувајќи си го навидум невозможниот сон.

По 22 години напорна работа, Дашрат успеал. Ја „поместил“ планината. Користејќи ги единствено своите две раце и едноставните алати што ги имал, тој пробил пат долг 100-тина метри, широк 9 метри и длабок 7.5 метри. Благодарение на него, патот до Вазирганџ сега бил скратен на само нешто помалку од 5 километри.

road

Но, Дашрат не застанал таму. Тој преземал иницијатива патот да биде поврзан со главниот пат, за да можат 60-тината жители на регионот Атри да имаат пристап до него. Од друга страна, Манџи пешачел по железничката линија дури до Њу Делхи, за да ја поднесе петицијата за поплочување на неговиот пат, како и за да побара болница, училиште и чиста вода за неговите сожители.

Починал во 2007-та, од рак. Сепак, неговото наследство и неговиот сон за подобар живот на заедницата продолжуваат да живеат во секој оној што го познавал и секој оној што видел огромно олеснување по неговиот подвиг. Неговата приказна е инспирација и за секој оној што ќе ја чуе. Така денес, неговиот пријател Рамчарит Прасад раководи со тренинг школа во негова чест. Ова училиште ги едуцира и обучува младите за тоа како да придонесат за подобра иднина и поуабав живот во Гелхур.

0960e8dd-1a82-4104-99f2-eb5e2dbcc281[1]

- Реклама -