Науката објаснува: Што ќе се случи ако сите пчели умрат?

Пчелите вршат клучна улога на нашата планета. Некои дури тврдат дека ако тие исчезнат, човештвото неизбежно ќе го снајде катастрофа.

На позадината на драстичниот пад на популацијата на пчелите имаме ли повод за загриженост? Што ќе се случи ако сите пчели на Земјата умрат?

Кажано сосема едноставно – ако едно растение создава некаков цвет, тогаш можете да бидете сигурни дека пчелите помагаат во процесот на размножување. Врската помеѓу нив се развива до совршенство низ вековите. Растенијата создаваат шарени бои, кои ги привлекуваат пчелите. Пчелите од своја страна имаат тела слични на велкро. На овој начин тие ги пренесуваат полените од машкиот дел на растението до женскиот. Овој навидум јасен механизам е одговорен директно за производството на 70 проценти од овошјето, зеленчукот, оревите и семките, кои ги консумираме секојдневно. Кажано низ бројки – тоа се околу 200 милијарди долари приходи од областа на земјоделството.

Оваа огромна одговорност се постигнува од големи групи од „комерцијални“ пчели одгледувани од професионални пчелари со една единствена цел – да бидат транспортирани до фарми или овоштарници и да помагаат во попрашувањето.

thumb640x320_24019

Од 2006 година, сепак, овие вредни пчелички почнуваат мистериозно да исчезнуваат. Некои пчелари дури тврдат дека 90 проценти од нивните пчели едноставно си заминале. Одговорноста за тоа (барем во некои колонии) ја носат вирусите, паразитите и различните црви. Во моментов, сепак научниците веруваат дека инсектицидот, наречен неоникотиноид, е виновен во најголема мера. Овој невротоксин се користи за уништување на штетниците на жетвата. Тој, сепак, влијае и на централниот нервен систем на пчелите, кога тие консумираа нектар, заразен од него. Штом овој нектар ќе биде упатен во колониите, сите пчели во нив исто така може да бидат заразени. Тоа од своја страна доведува до масовна конфузија и дезориентација. Не на последно место – треба да се спомене влијанието и на релативно долгите и студени зими, недостатокот на генетски диверзитет кај комерцијалните пчели и не толку разновидниот нектар по полињата.

Ако овој тренд продолжи, цели хранливи синџири може да бидат загрозени од изумирање. Да ги земеме за пример бадемите. Лушпите од овие плодови се користат за храна на добитокот и кокошките. Помалку пчели значи помалку бадеми и соодветно – помалку земјоделски животни, сирење, млеко, јајца и месо. Да не зборуваме дека бадемите се користат и производството на житни закуски, пекари и многу други прехранбени производи.

Кажано поинаку – без пчелите ќе живееме во еден сосема поинаков свет, следен со исклучително влошување на глобалната економија. Човештвото едвај ќе исчезне со изумирање на сите пчели, но сигурно нема да му биде пријатно од овој факт.

- Реклама -