Вака изгледала вистинската Алиса од земјата на чудата

Девојчето по име Алиса Лидел, била инспирација за Луис Керол и неговото прочуено дело „Алиса од земјата на чудата“.Во 1864 година младиот математичар по име Чарлс Донџсон, познат како Луис Керол, пиел чај покрај река во друштво на пријателот Робинсон Дакворта и три сестрички – ќерки на неговиот пријател Хариј Лидел.

За да ги забавува малите девојчиња Едит (8), Алиса (10) и Лорина (13), Керол измислил приказна за свет полн со фантастични ликови и главниот лик го нарекол Алиса.

Алиса Лидел била толку многу фасцинирана од приказната што го замолила Луис да и го запише сето тоа, па тој го направил под името „Авантурите на Алиса под земјата“.

hitportal-vistinskata-alisa1 hitportal-vistinskata-alisa2

Пријателот на Чарлс им ја прочитал проказната на своите воодушевени деца, па потоа истата започнала да се развива, за на крајот да го добие и конечниот наслов „Алиса во земјата на чудата“. Приказната била двојно подолга од онаа што писателот првенствено и ја дал на Алиса Лидел, а додадени се и ликовите како лудиот Шеширџија.

Првите илустрации на книгата кога излегла во 1865 година ги направил Џон Тениел, кој го одбил предлогот на Керол за имиџот на Алиса и нацртал млада хероина по сопствена инспирација, поради што авторот не бил задоволен.

hitportal-vistinskata-alisa3 hitportal-vistinskata-alisa4

„Ја нацрта Алиса со сосема погрешни пропорции. Нејзината глава е преголема, а стапалата премали“, се жалел Керол.

За разлика од Алиса Лидел која има кратка темна коса, Алиса од книгата е русокосо девојче.

Постојат и озборувања дека Керол бил заљубен во младата Алиса и дека очекувал да порасне и да ја ожени еден ден. Историчарот Мартин Гарднер во свето тело “The Annotated Alice” (1960), цитира писмо кое писателот и математичар и го испратил на Алиса откако се омажила:

„После нашето дружење се сплеткав и со многу други деца, но тоа беше сосема поинаква работа“.

hitportal-vistinskata-alisa5

 

 

- Реклама -