Eгзотични топчиња од компири

Овие пикантни топчиња, ќе го донесат духот на Индија на вашата трпеза.

Состојки:

3 компири

зелена пиперка

1/2 лажички сенф

3 лажици пченкарно брашно

1 – 2 лажици бело брашно

сок од пола лимон

малку цимет

путер или масло за пржење

Подготовка:

1. Пиперката исечете ја на тенки резенчиња или ситни коцки и посолете по вкус. Сварете го компирот и испасирајте го, па додадете пиперка, цимет и лимонов сок. Измесете тесто и направете 12 топчиња.

2. Пржете ги топчињата во загреано масло или путер, додека не заруменат од сите страни.

- Реклама -