Денеска препорачуваме еден од филмовите кои се во главна конкуренција за престижната награда Оскар.
Birdman или неочекуваната доблест на незнаењето е филм кој со секоја една сцена ве тера да станете од местото и да започнете да ракоплескате, зашто токму театарот и актерството се главната тема во ова големо филмско остварување.
Риган (Макл Китн) е актер, кој еднаш ја толкувал улогата на исконски суперхерој, и со сите сили се обидува „да се врати во игра“ на актерската сцена. Тој е целосно посветен на кариерата и не може да се помири со тоа што станува актер во сенка, а „Човекот птица“ го следи на секој чекор во неговата фантазија. Токму тој, birdman – неговиот поранешен лик, го мотивира да не се откаже од целта, го критикува и бестрашно зборува за најчувствителните теми, стравови, цели и прашања со кои што се соочува Риган.
Буквално се што ќе видите во овој филм е изведено маестрално. За момент имате чувство дека следите реално шоу зад некоја театарска сцена и сочувствувате со стравовите и очекувањата на актерите и оние кои стојат зад големите проекти.
Глумата е феноменална, започнувајќи од Мајкл Китон, па се до Ема Стоун, Едвард Нортон – една екипа која ветува уште од првите минути, а освојува целосно во последните моменти од филмот.
Кога велат дека филмот е магија – мислат на ова. Уживајте.