Нема да ви се верува што се зборува овој папагал (видео)

Папагалите се познати како добри говорници, ама овој папагал е нешто посебно. Неговото познавање на англискиот јазик е на многу повисоко ниво.

Папагалот Диско е всушност една од ѕвездите на новата документарна серија на BBC наречена Pets: Wild At Heart и има совладано повеќе од 130 фрази. Иако со малку помош, тој прикажува дел од талентите во овој видео инсерт од серијата.

И покрај неговите извонредни умствени способности, Диско има мал проблем – се уште не знае да разликува мачки и кучиња. Па така, кога ќе се појави ова кученце, Диско почнува да мјаука. Никој не е совршен, нели?

pets-wild-at-heart-1[1]

- Реклама -