Психолошки тест: Откријте ја вашата темна страна

Онаа потисната половина од нашата личност носи потенцијални слабости, деструкција и агресивност, па слободно можеме да ја наречеме „темната страна“. Во продолжение ви нудиме тест кој ќе ви помогне да откриете дел од вашите скриени аспекти, ако имате храброст за тоа.

Одберете еден од понудените одговори и на крајот погледнете ги резултатите:

 

1. Се наоѓаш на излет и по долго шетање ненадејно наидуваш на:
а. Многу привлечна личност
б. Пештера
в. Раскрсница
г. Необична куќа

2. Понудени ти се 4 карти. Која ќе ја избереш?
а. Ас во баклава
б. Ас во лист
в. Ас во детелина
г. Ас во срце

3. Те мачи морничав кошмар и нагло се будиш од сон, затоа што:
а. Гориш во страшен оган
б. Паѓаш од непрегледна висина и пропаѓаш во бескрај или темнина
в. Те гони страшен монструм, крволочен убиец или давител
г. Се давиш во вода

4. Некој ти подарил:
а. Привезок
б. Часовник
в. Шешир
г. Парфем

5. Необично важен детал во твојата куќа е:
а. Огледалото над креветот во спалната
б. Огромното џакузи во сјајната бања
в. Дискретното осветлување и прозорите
г. Големиот и топол камин покрај удобнатаа фотелја или лежај

6. Понудени ти се 4 нешта. Кое ќе го избереш?
а. Стара пара
б. Песочен часовник
в. Лампа
г. Старински клуч

7. Да можеш да го казниш најлошиот и најомразениот непријател, тоа би го направил/а вака:
а. Ќе го пратиш во манастир
б. Ќе му го одземеш она што најмногу го сака
в. Ќе го мачиш со најлошите справи за мачење
г. Ќе го осудиш на вечна самотија

8. Пред тебе се наоѓа шпил карти, ти сигурно извлекуваш:
а. Ас
б. Крал
в. Џокер
г. Дама

9. Би се чувствувал/а сосема беспомошно кога би се случило:
а. Се околу тебе да е бескрајна темница
б. Да останеш потполно неподвижен/а, како билка
в. Некој да те затвори во лавиринт од кој нема излез
г. Да останеш сам/а по апокалипса

10. Во случај на пожар или несреќа, имаш шанса да направиш само едно нешто и во таа прилика да спасиш:
а. Љубениот/ната
б. 10 познаници
в. Сестра/брат
г. 40 непознати луѓе

11. Наоѓаш златна рипка што ќе ти исполни една желба. Ќе избереш:
а. Комплетна и совршена промена на изгледот, заедно со успех и моќ
б. Патување низ времето
в. Бескрајна младост
г. Среќа и љубов

12. Твоја неостварена фантазија е:
а. Да имаш моќ и да бидеш господар
б. Да имаш мистична моќ и да станеш маѓепсник
в. Да можеш по потреба да станеш невидлив
г. Да имаш крила

13. Повремено се плашиш од:
а. Неуспех и немоќ
б. Губиток и сиромаштија
в. Издаја и предавство
г. Самотија и болест

14. Да можеш, би сакал/а:
а. Да управуваш со светот
б. Да посетиш други планети
в. Да го запознаеш и да се сретнеш со таинсвеното/мистичното
г. Да ја посетиш „Рајската градина“

15. Сакаш да се опуштиш дома со добар филм. Кој жанр најмногу одговара на твоето расположение?
а. Акција
б. Комедија
в. Научна фантастика
г. Психолошка драма/љубовен

 

РЕЗУЛТАТИ:

Најмногу одговори под А:
За вас, најголемите животни предизвици се кријат во другите луѓе, и во односите со нив. Со голема страст се движите меѓу нивните постапки, однесување, па и делување. Водени сте од импулс заснован на приземност, хедонизам и уживање. Вие не можете без други луѓе.

Најмногу одговори под Б:
Имате потреба за истражување на светот околу себе, но од причина што така ги задоволувате сопствените пориви. Другите можат да бидат задоволени дури откако ќе ги задоволите своите приоритети. Ги споделувате емоциите со другите, но за возврат очекувате некакво посебно задоволство, па дури и награда. Во своите намери сте упорни и секогаш тежнеете кон остварување на своите цели.

Најмногу одговори под В:
Уште на прв поглед, со вашата оригиналност го привлекувате вниманието кон себе. Ве привлекуваат несекојдневни ситуации. Кога ви е вам добро, добро им е и на другите, и обратно. Поседувате огромна енергија и позитивен пулс, кои ви создаваат можности за среќа.

Најмногу одговори под Г:
Фантазер сте и длабоко емотивна личност, но истовремено и многу чувствителни – тоа е слабата страна на вашата личност. Кога енергијата ја усмерувате кон задоволство, тогаш за другите сте бескраен извор на радост. Но, ако доживеете разочарување, обично станувате склони кон самоказнување.

- Реклама -