Пешачки премин во Германија ги предизвикува минувачите од спротивните страни да се натпреваруваат во „Понг“

Tим на студенти по дизајн, од универзитетот „HAWK“ во Германија, конечно го реализирше и во целост го инсталирше нивниот брилијантен изум кој за прв пат можевме да го сретнеме како концепт низ интернет страниците уште во 2012 година.

Имено, чекањето на пешачки премин никогаш не било позaбавно, бидејќи двајца среќни случајни минувачи ќе имаат прилика да се натпреваруваат еден наспроти друг играјќи „Понг“, чекајќи да светне зеленото светло на семафорот.

cross-walk-pong-game-streetpong-actiwait-germany-3

Амели Кунзлер, Сандро Ангел и Холгер Мајкл се тројцата креативци кои ја осмислија новата инсталација која веќе две недели ги радува жителите на градот Хилдесхајм.

Прочитајте и:  Мерц ја повикува Европа да му покаже заби на Трамп
- Реклама -