Интимни разговори: За влажноста, таму…доле

„Колку повлажно, толку е подобро!” е мотото на добриот секс.

Кај повеќе од половина жени во сите старосни групи, сепак процесот на природно навлажнување е нарушен, што доведува до болка и непријатно чувство за време на сексот. Ова го претвора истиот во непријатно искуство за двете страни. Многу често мажите ја преземат вината за сувата вагина на партнерката. Сметаат дека не можат да ја возбудат, да ја задоволат, а оттаму се јавуваат и тензии меѓу двојката. Причините за вагиналната сувост сепак немаат многу заедничко со машките сексуални можности во кревет.  Природната влажност на вагината го спречува триењето помеѓу ѕидовите. Секретот што се лачи, е слабо киселкаст и штити од инфекции. Оваа киселост се предизвикува од „пријателски” бактерии кои постојат во вагината и ја одржуваат здрава. За време на сексот две жлезди произведуваат дополнителен секрет. Овој дополнителен секрет има карактеристичен мирис, кој го зголемува привлекувањето на машките индивидуи и сигнализира дека жената е подготвена за секс. Покрај тоа, тој значително го намалува триењето за време на сексуалниот чин. Причините за “пресушување” на вагината можат да биде најразлични: од тоа дека не е возбудена од стрес, напрегање, загриженост од самиот сексуален чин и уште милијарда наизглед ситни причини.

erotic

 

Вагиналната сувост при секс може да е само последица од недостаток на сексуална возбуда или недоволително долгата љубовна игра. Жените се дотеруваат на секс бранот малку побавно од мажите и им е потребно време за загревање, а ако мажот избрза, може да дојде до непријатна болка и триење при сексуалниот чин. Намалените нивоа на естроген, употребата на некои лекови (пр . антидепресиви), како и некои болести се меѓу најчестите причинители на проблемот. За жал, често може и да нема конкретна причина. Многу често жените користат обичен сапун, за интимната хигиена, што е погрешно, бидејќи вагината не би требало да е стерилна. Таа си има свој механизам за бактериска контрола. Користејќи обичен сапун, дамите го менуваат рН-то на средината и на тој начин си штетат. Во овој случај најдобро е да се користи хипоалергичен сапун, без бои или ароматизатори – неалкален и рН – избалансиран. Во моментов на пазарот се продаваат и голем број на производи за интимно чистење, кои се прилагодени на спецификите на деликатното место.

Сушењето може да биде предизвикано и од некоја алергија. Ако жената е алергична на некое одредено надразнување, најдобро е контактот со него да биде намален до минимум. Најчести надразнувачи се брисевите, мирисите и боите во детергентите и тоалетната хартија. Секасулно активните жени кои страдаат од вагинална сувост, во потрага по начин да се задржи сексуалниот живот на ниво, прибегнуваат кон разни форми на навлажнување. Лубрикантите ја обезбедуваат потребната влага, но нивното дејство често е само привремено решение, особено ако проблемот е од здравствена природа, а не од недостатокот на возбуда. Друг недостаток на лубрикантот е дека не се погодни за употреба од жени кои прават обиди да забременат. А сепак, некои жени се едноставно „повеќе суви” и единствено за време на овулација се влажнат доволно за да не биде сексот болен.

b6776bec_VictoriasSecretPanties

- Реклама -