Препорака за филм: Head-On (2004)

Head – On e германски филм, со оригинален наслов „Gegen die Wand”.

Филмот е љубовна драма, која се одвива на територијата на Германија и Турција.

Во режија на Фатих Акин, Head – On e малку поинаква љубовна приказна, која што во никој случај нема да ве остави рамнодушни.

Сибел е млада девојка што го сака животот, сексот, пороците и забавата. Живее во Германија, по потекло Турчинка, и безуспешно се обидува да се самоубие поради строгиот третман од страна на нејзиното традиционално семејство. Додека се наоѓа на лечење, запознава Турчин кого го замолува да ја земе за жена, со цел да може да избега од дома. Така и се случува. Тие живеат во договорен брак, но како одминува времето, работите скршнуваат од планираното…

Далеку од исклиширана љубовна драма, придружена со одлична турска музика и моќниот звук на Depeche Mode, режисерот создава ремек дело кое има добиено одлични критики од страна на критичарите и публиката ширум светот.

Според многумина, ова е најдобриот филм што воопшто некогаш го гледале.

Уживајте.

- Реклама -