15 цитати за животот од Харуки Мураками

Избравме дел од најинспиративните мисли на јапонскиот писател Харуки Мураками – еден од најголемите современи писатели, според Guardian.

Неговиот прв роман, „ Слушни го ветрот како пее” издаден во 1979 година веднаш доби престижно признание во неговата родна земја. Денес Мураками живее во САД. Книгите му се преведуваат во целиот свет, а секоја од нив се продава во повеќе од 2 милиони примероци. Ова го прави најпопуларниот автор од Земјата на изгрејсонцето.

1. Кога ќе излезеш од невремето, нема да бидеш истиот човек кој беше пред да влезеш. Токму за тоа е самата бура.

2. Aко ја читаш книгата која што сите ја читаат, ќе го мислиш само она што сите го мислат.

3. Срцата на луѓето се како длабоки бунари. Никој не знае што има на дното. Можеш само да претпоставуваш судејќи по она што, од време на време, излегува на површината.

5

4. За жал часовникот отчукува, часовите минуваат. Минатото се зголемува, иднината се намалува. Можностите стануваат се помалку, сожалувањата – се повеќе.

5. Болката е неизбежна. Страдањето е прашање на избор.

6. Изгубени можности, прокоцкани шанси, чувства кои никогаш нема да се вратат. Сето тоа е дел од чувството да си жив.

2

7. Што и да бараш, нема да дојде во формата во која го очекуваш.

8. Спомените на луѓето се горивото што тие го горат, за да останат живи.

9. Ако не можеш да го разбереш без објаснувања, нема да го разбереш и со објаснувања.

6

10. За што и да сонуваат, колку и далеку да заминат, луѓето не можат да бидат ништо друго освен себе.

11. Повремените средби не поттикнуваат да продолжиме напред.

12. Најважното што го учиме на училиште, е дека најважните работи не се учат таму.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

13. Користи пари за работи кои можат да се купат со пари. Не користи време за работи кои не можат да се купат со пари.

14. Во животот постојат нешта што можете да ги направите само сами, и работи кои можете да ги направите само со некој друг. Најважно е да умееме да ги комбинираме.

15. Да ги сфаќаш работите премногу сериозно е сериознo губење на време.

1

- Реклама -