Животот е непредвидлив. Често се случува да истуриме вино на кошулата и да го загубиме затворачот на омилените обетки. Не грижете се. Со помош на овие совети ќе имате решение за секоја непредвидлива ситуација.
Отстранете ги грозните дамки од дезодоранс на блузата под пазувите, користејќи сок од лимон или сода бикарбона.
Малите изгужвани делови може да се поправат со помош на пегла за коса.
Ослободете се од флеките на бела облека, со помош на пена за бричење.
За да ги раширите тесните чевли можете да вметнете во нив кеси со вода, и да ги ставите преку ноќ во фрижидер.
За да отстраните дамка од црвено вино, потопете ја со бело вино и посипете сода бикарбона на врвот. Оставете така да отстои 2-3 часа и потоа истријте ја со вода надворешноста.
За одржување на формата на чизмите, ставете во нив свиткани списанија.
За да омекне кожната јакна, „прошетајте ја“ на дожд.
Лакот може да отстрани траги од црвен кармин.
- Ако сте го изгубиле затворачот на обетки, користите гума за молив.
Чистење на превртената кожа со гума
Влакната со џемперите можете да ги отстраните со жилет.
Измешајте детергент и сода бикарбона во чаша. Земете стара четка за заби и исчистете го белиот раб од вашите чевли.
Широките фармерки лесно можат да влезат во чизмите
За да не се осветлат темните фармерки при миење, додадете половина чаша дестилиран оцет во машината за перење.