15 отсто од Германците нема да можат да платат сметки, предвидуваат комуналните претпријатија во Германија

Берлин, 31 август 2022 (МИА) – Германските комунални претпријатија проценуваат дека поради високите цени на бензинот, до 15 отсто од нивните клиенти нема да можат да плаќаат сметки за комунални услуги, изјави првиот човек на здружението ВКУ.

Околу 900 комунални претпријатија дистрибуираат две третини од гасот во Германија, а снабдуваат и со електрична енергија, вода и топлинска енергија, го отстрануваат отпадот и обезбедуваат широкопојасен пристап до интернет.

Компаниите купуваа гас по многу високи цени, па се очекува од октомври да им го наплатат тоа на граѓаните преку планираните давачки за гас.

„Некои комунални претпријатија проценуваат дека до 15 отсто од клиентите нема да можат да си ги платат сметките“, рече Ингберт Либинг, директор на Германското здружение на комунални претпријатија.

Прочитајте и:  Ким Џонг-Ун нареди масовно производство на дронови камикази

Тој смета дека треба да се воведе мораториум за прогласување несолвентност на добавувачите на енергија, додавајќи дека на компаниите ќе им биде потребна помош и наесен.

Тој предлага владата да го намали ДДВ-то за гасот и струјата. Владејачките социјалдемократи веќе подготвија предлог за заштита на комуналните претпријатија од неликвидност доколку бидат принудени да купуваат гас по повисока цена.

- Реклама -