Некои се намерно сликнати со фора, други се само случајна оптичка илузија. И едните и другите ќе ве натераат да се загледате многу подобро, а некои ни тогаш нема да бидат баш најјасни. Ќе си останете збунети, ама на оној, интересниот начин.
1. Не е мачкава малку џиновска?
И после читаш коментари и ти станува јасно дека мачката лежи на маса, а не на тепих.
2. Чекај малце, кој кого фаќа?
3. На сликава фалат пар нозе. Ако ги најдете, ваши си се.
4. Се загледавме во ногата, па сфативме дека му ја нема главата…
5. Што се нема да измислат со генетикава. Мачка 2 во 1. Којзнае како функционира. Се тепаат ли двеве глави кога ќе им дадеш храна, на пример?
6. Кучето е најдобар пријател на човекот. Некогаш и предобар. На пример, кога ќе ти ја даде главата зашто твојата си ја изгубил/а.
7. Кој вика дека немаат измислено напивка за невидливост?
8. Само ова ќе ви кажеме: типов не е гол. Другото вие тумачете.
9. Мини телефон, или нешто друго?
10. Телефон со камелеонски способности?
11. Она кога ќе ти речат „Вози ме на гидан“
12. Мини автомобил/предмети, или голема паричка? Верувајте, не е тоа што мислите.
13. Којзнае со што ја хранеле за да порасне голема колку планина.
14. Рака за уште три светови (поздрав до Џафер)
15. Вози ли цурава точак со три педали?