Најдобриот чекор до среќата е…

Постојано сме во потрага по нешта што конечно ќе не исполнат со среќа, но понекогаш, можеби е подобро да престанеме да ја бараме толку упорно.

Имануел Кант, големиот германски философ од 18-тиот век, дава едноставна, но разумна перспектива на целата брканица со среќата:

„Што повеќе култивираниот разум се посветува на целта да ужива во животот и среќата, толку подалеку е човечкото суштество од чувствување на вистинско задоволство“.

Кант сметал дека луѓето постојано трчаат во круг во надеж дека ќе ја најдат среќата, а таа всушност се оддалечува се подалеку кога ја бркаме.

Contemplating-The-Planet-Desktop-Wallpaper

Стивен Мејзи, за блогот Big Think, ја интерпретираше мислата од модерна перспектива:

„Тоа е страшно иронично: што повеќе труд вложувате на тоа да сте среќни, толку повеќе недопирлива станува вашата цел. Малку интроспекција најверојатно ќе ви го потврди феноменот. Колку пати вашите најдобро испланирани планови се претвориле во помалку од совршен одмор? Дали 3Д телевизорот (новиот автомобил, покачувањето) што го меркавте толку долго навистина ве направи посреќни? Дури и добитниците на лото повеќе страдаат пост-џекпотот отколку кога биле обични луѓе што сонуваат да успеат. За многумина, тој сон станува кошмар. Па, што треба да прави една душа што сака да биде среќна? Одговорот на Кант можеби е неубедлив, но е добар совет: откажете се од потрагата. Посветувањето на вашиот живот кон нешта и цели кои ветуваат среќа е чекор осуден на неуспех.
Материјалните добра и, почесто, искуствата, можат да преминат во среќа за некои луѓе, но клучното е дека фокусот на вашиот живот не треба да биде постојаната потрага по нешта што ќе ве направат среќни. Погледнете околу себе, уживајте во моментот, и можеби среќата ќе ви дојде полесно отколку што мислите“.

Можеби среќата е во нас, ама сме презафатени да ја почуствуваме, барајќи ја.

Среќно!

20130111-NKN_1057[1]

- Реклама -