14 волци го променија комплетниот екосистем во националниот парк Јелоустоун

wolf-wolves-32863628-1920-1200[1]

Уште во 1995 година, Американската служба за рибен и животински свет во соработка со канадски биолози, во Националниот парк „Јелоустон“ во САД пуштија на слобода 14 волци, каде овој вид беше изумрен уште од далечната 1926 година. Но, она што се случи во паркот во изминативе 20 години, го воодушеви и научниот свет.

По неколку години, бројот на волците значително се зголеми, но тоа не беше единствената промена што се случи во паркот. Ефектите беа многу поголеми и од најоптимиситчките очекувања. Со „вселувањето“ на волците во паркот се смени целиот негов екосистем, а промени се регистрирани дури и во реките. За научниците засега е мистерија како можело да се случи сетоа тоа, пренесува МИА.

- Реклама -