14 типови на луѓе што ќе ги сретнеш на секоја слава

Гладниот

Може да јаде парче торта покриена со салама додека мези кикири за со пивото. Го нема истиот апетит кога сте во ресторан.

Вообичаена реченица: Снемува од руската.

Новобогаташот

Сите во поширокото семејство го сметаа за губитник. Тешко му одеше школото. Се додека не направи многу пари. Никој не знае како, ниту кога. Сега сите го почитуваат и се љубезни со него. Кога седнува на маса прво ги става клучевите од автомобилот, најновиот мобилен, уште еден мобилен за работа и паричникот кој изгледа како да има заушки. Превтува очи кога ќе слушне дека нема виски.

Вообичаена реченица: Не се секирај, имам чоече таму, ќе ти средам.

Алкохоличарот

Таму е само да пие. Што било. Како што врви вечерта така стандардите му опаѓаат па завршува да допие тоа што останало.

Вообичаена реченица: Живели!

Дебатниот клуб

Секогаш има некој кој ќе ја отвори темата за приватизацијата и убие забавата. После неколку часовно расправање се врти на тема на која повеќето се согласуваат за индустриските гиганти во Југославија.

Вообичаена реченица: Во Југославија господ одеше по земја.

За останатите десет типа гости на слава прочитајте на Фчерашни.

- Реклама -