14 срушени митови за мажите

Митови за мажите Сигурно до сега сте чуле едно чудо митови за мажите, почнувајќи од оној дека честото бричење ја згуснува брадата, а завршувајќи со оној дека мажите не можат да добијат рак на градите. За среќа, за секој мит постои и логично објаснување кое во потполност го разрушува. Следат 14 најпопуларни митови и вистината која лежи од спротивната страна.


Сигурно до сега сте чуле едно чудо митови за мажите, почнувајќи од оној
дека честото бричење ја згуснува брадата, а завршувајќи со оној дека
мажите не можат да добијат рак на градите. За среќа, за секој мит
постои и логично објаснување кое во потполност го разрушува. Следат 14
најпопуларни митови и вистината која лежи од спротивната страна:

1. Честото бричење ја згуснува брадата
Честото бричење ја згуснува брадата
Иако многумина мажи се колнат оти ова е вистина, едноставно не е. Густината на брадата зависи од една и само една работа – гените. Иако кога брадата ќе потпорасне по бричењето е потврда, тоа не значи дека е згусната. Сето тоа се должи на фактот што со бричењето ги скратувате тенките и меки врвови на влакната. Дерматолозите без каков и да е сомнеж докажаа оти овој мит не држи вода.

2. Носењето тесна долна облека може да предизвика стерилитет
Носењето тесна долна облека може да предизвика стерилитет
Потеклото на овој мит е сосема јасно. Докторите им препорачуваат на мажите кои имаат проблеми со плодноста да избегнуваат џакузи и носење тесна долна облека, препорачувајќи боксерки. Доколку сте здрави и немате проблеми со плодноста, видот на долната облека нема да ве направи стерилен.

3. Пиењето пиво предизвикува пивски стомак
Пиењето пиво предизвикува пивски стомак
Секако, пиењето пиво може да придонесе да создадете пивски стомак, доколку исхраната ви е прилично лоша и избегнувате секакви форми на вежбање. Пивото е висококалорично, но не содржи некоја особено „злобна“ состојка што ќе ви подари зголемен стомак. Вистината е оти можете да си создадете пивски стомак без да испиете ни едно пиво… само што нема да ви биде подеднакво забавно.

4. Ќелавоста доаѓа од страната на мајката или од носењето капи
Ќелавоста доаѓа од страната на мајката или од носењето капи
Повторно, единствениот виновник за ќелавоста е генетиката. Ќелавоста може да дојде и од мајката и од таткото, може да прескокне генерации, да се појави кога најмалку ја очекувате. Не постои некој особен шаблон според кој се појавува. Исто така, носењето капи нема врска со неа, освен доколку капите хируршки не ги всадувате во скалпот. Наместо да барате виновници, најдобро е да се соочите со неа… само без пречешлување.

5. Големината на пенисот се мери според чевлите или дланката
Големината на пенисот се мери според чевлите или дланката
Ова е еден од оние митови што одбиваат да исчезнат со години наназад. Многумина се колнат дека е вистина, но фактот стои дека понекогаш, должината на пенисот можеби ќе е приближна со раздалеченоста на малиот прст и показалецот (под определен агол) – но тоа е само коинциденција. А, ако се обидувате да споредувате со големината на чевлите… најверојатно се местите за големо разочарување.

6. Врвот на машката сексуалност е на 18 години

Врвот на машката сексуалност е на 18 години
Потеклото на овој мит доаѓа од фактот што на 18 години нивоата на тестостерон се највисоки. Но, не постои директна врска помеѓу тие нивоа и функционалната сексуалност кај мажите. Едностано, погледнете ја сликата!

7. Премногу мастурбирање е штетно
Премногу мастурбирање е штетно
Од физички аспект, не е теоретски возможно некој да мастурбира толку многу што тоа ќе стане премногу. Од психолошки аспект, социјалната алиенација како последица на мастурбацијата… тоа е веќе друга приказна.

8. Зачинета храна или жестоки пијалоци ќе го забрзаат растењето влакна на градите
 Зачинета храна или жестоки пијалоци ќе го забрзаат растењето влакна на градите
И самата формулација на овој мит е смешна, но постојат луѓе кои се убедени во неговата веродостојност. Единственото нешто што може да го забрза растењето на влакната на градите е повторно генетиката.

9. Мажите помислуваат на секс секои 7 секунди
Мажите помислуваат на секс секои 7 секунди
Веројатно на секои 7 секунди некоја жена во некој бар го цитира токму овој мит. Но попусто! Истиот нема никаква научна основа и веројатно бил измислен од некој пијан маж кој сакал да импресионира некого со познавањето на „статистиката“.

10. Антипреспирантите предизвикуваат рак на градите кај мажи

Антипреспирантите предизвикуваат рак на градите кај мажи
Овој мит е со потекло од школските клупи и е нешто што се провлекува кај мажите и во нивната рана зрелост. Истражувањата покажале оти жените кои редовни се бричат под мишките и користат стикови имаат благо зголемен ризик од рак на градите, но кај мажите, не постои ниту 1 спрема милон шанса за такво нешто!

11.
Зјапањето во големи гради може да ви донесе долговечност
Зјапањето во големи гради може да ви донесе долговечност
Всушност, можете да зјапате и во порнографија по цели денови, но тоа нема да ви помогне да живеете ниту еден ден подолго отколку што ќе живеете и без тоа.

12. Просечната должина на пенисот е 17,5 сантиметри

Просечната должина на пенисот е 17,5 сантиметри
Овој мит е толку раширен што речиси се зема како статистички факт. Но, сепак е невистинит. Статистиката вели оти просечната должина на пенисот во ерекција е помеѓу 10 и 15 сантиметри. Се чувствувате како Супермен во моментов, нели?

13. Имањето многу секс може да ви ја намала способноста за спортска активност
Имањето многу секс може да ви ја намала способноста за спортска активност
Овој мит веќе се граничи со суеверие, но некои и натаму буквално го сфаќаат. Факт е дека сексот ги намалува стресот, нетрпеливоста и агресијата, но тоа важи за кусо време веднаш по актот и воопшто нема врска со спортските перформанси. Ако станувањето посреќен и понасмеан ви пречи со способноста да постигнете поен, тогаш можеби имате други проблеми, меѓу кои не спаѓа сексот.

14. Мажите не можат да добијат рак на градите

Мажите не можат да добијат рак на градите
Сосема неточно. Ракот на гради се јавува и кај мажи, иако шансите се далеку помали. Но, не треба редовно да се проверувате, зашто мала е веројатноста да не го забележите. 

- Реклама -