14 милијарди години космичка еволуција во 78 секунди (видео)

Ова е Arepo, компјутерска симулација која може да ги моделира раѓањето и еволуцијата на цел космос.

Arepo е дело на научници од Харвард-Смитсониан Центарот за Астрофизика во соработка со истражувачи од Хајделберг Институтот за Теоретски Студии, и за разлика од претходните симулатори, овој може да ги реплицира сите галаксии во видливиот Универзум.

{youtube}-ZcEDqyMbFw{/youtube}

„За разлика од претходните симулатори, како Gadget code, хидродинамичниот модел на Arepo ги реплицира гасовите кои формирале сè по Big Bang, користејќи виртуелна флексибилна мрежа која има капацитет за движење за да се совпадне со движењата на гасови, ѕвезди, темна материја и темна енергија. Старите симулатори користеја фиксна мрежа со облик на коцка.“

„Ги искористивме сите предности на предхоните кодови и ги отстранивме маните“ објаснил Волкер Спрингел, астрофизичарот кој го создал софтверот.

- Реклама -